Останато
Кој ќе ги наследи милијардите на Рокфелер?


Банкарот и милијардер Дејвид Рокфелер почина на 101 година, а со тоа почнаа и шпекулациите што ќе се случи со неговото богатство, имајќи предвид дека беше припадник на последната генерација од светски познатото семејство.
Според податоците на списанието Forbes, вредноста на неговиот имот изнесува околу три милијарди долари. На неговиот 100ти роденден тој подари 404 хектари земјиште на националниот парк во Мејн.
Донираше 150 милиони долари на Музејот на современа уметност на Менхетн.
На Универзитетот Харвард во 2008 година донираше 100 милиони долари.
Според американските медиуми, Рокфелер во својот тестамент напишал дека ќе остави 100 милиони долари токму на Музејот на современа уметност, 100 милиони на Универзитетот Харвард каде што дипломирал и 100 милиони на Универзитетот Рокфелер што го основал дедо му.
Се претпоставува дека остатокот од парите ќе биде распределен меѓу неколку организации, како и во семејни фондови за неговите шест деца.
Оние кои го познавале лично велат дека бил великодушен човек и дека често давал високи донации за добротворни цели.
Дејвид беше шесто дете на Џон Д. Рокфелер Џуниор и внук на коосновачот на компанијата Standard Oil, славниот Џон Д. Рокфелер.
Џон беше првиот светски милијардер во 1916 година. Кога почина во 1937 година, неговото богатство изнесуваше 1,5% од вкупното американско стопанство.
Останато
СЕФФ: Вложување во човечки капитал и дигитализација за поголем економски потенцијал


Преку подобрувањето на структурата на економијата, односно зголемената конкурентност, иновативноста, адекватноста на пазарот на труд, ќе се придонесе кон подобрувањето на економскиот потенцијал и отпорноста на економијата. Оттаму спроведувањето на структурните реформи, не треба да запре за сметка на справувањето со кризата, туку да се одвива напоредно, со цел на среден рок да се креира економија која ќе даде подобри перформанси. (more…)
Останато
СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст


Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)
Останато
Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања


Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје