Connect with us

Анализи

Кој ќе биде најоштетен од воведувањето на прогресивниот данок?

Објавено

на

Повеќе од една деценија во Македонија се употребува рамниот данок. Но, дали го постигна ефектот кој што се очекуваше? Воведен под велот на рамноправност за сите граѓани, всушност го постигна спротивното односно продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните.

На голема врата повторно се враќа прогресивното оданочување, како фактор кој би влијаел токму на намалување на и така веќе продлабочениот јаз на богати и сиромашни.

Воведувањето на прогресивните даноци создава социјална атмосфера во општеството или на друг начин кажано,  помагање од страна на оние кои имаат повеќе на оние кои немаат доволно .

Вакво балансирање во светот е застапено во земјите кои имаат развиени економии и добри и напредни социјални политики .

Застапен е и во земјите во кои живеат милионери и милјардери кои прават обрт на средства колку еден годишен буџет на Македонија. Од тука  се поставува прашањето – која корист ќе ја има прогресивниот данок во Македонија, дали ќе ги исполни очекувањата, со оглед на малиот број на милионери?

Според Министерството за финансии, даночните реформи односно воведувањето на прогресивниот данок нема да го почуствуваат мнозинството граѓани, затоа што  данокот на доход ќе остане ист, додека околу еден процент од населението кое зема поголеми приходи од 90 илјади денари ќе плаќа данок на доход од дополнителни осум проценти.

Податоците кои ги објави Министерството за финансии, велат дека, во 2017 година најдоходовните еден процент луѓе во Македонија заработувале во просек по 4.486 евра месечно што е за 14,4 пати повеќе од просечниот доход на граѓаните во земјата со што Македонија е на прво место во Европа по социјална нееднаквост.

Со оглед на тоа дека во Македонија богатите се поединци, а не поголема група и поради нивниот доход просечните примања во земјата се надувани,  не можат поединците да го полнат буџетот, сметаат експертите од Институтот за економски истражувања Finance Think.

Според експертите на истиот институт , опасности од прогресивното оданочување може да се јаваат како зголемена даночна евазија, демотивирање на високопродуктивни професии, особено оние кои се конкурентни на меѓународниот пазар, како што се ИТ професионалците, фин-тек професионалци, лекари и нивно заминување од државата.

Пластично прикажано тоа би изгледало вака: доколку даночната основа на поединечна исплата по некој од основите кој се даночи со прогресивни стапки го надминува прагот од 90.000 денари, за делот над 90.000 ќе се плати данок по повисоката стапка од 18% уште во моментот на исплатата. На пример, доколку се исплаќа надоместок по основ на договор за дело од 100.000 денари, исплатувачот ќе треба да плати вкупен данок од 10.800 денари (10%, односно 9.000 за делот што е до 90.000, и 18%, односно 1.800 за делот што е над 90.000).

Денешната средна класа за да го постигне нивото на средна класа, освен основната плата заработува на плус хонорарни начини и има плус приливи на сретства кои можат да го надминат износот од 90 илјади денари. Отука произлегува и опасноста од даночната евазија и чувството дека се казнети оние кои работат и заработуваат повеќе. Тука се поставува прашањето дали прогресивното оданочување ќе ги има ефектите кои се очекува или пак ќе има спротивен ефект и ќе предизвика криење на заработените средства односно даночна евазија.

Од друга страна, како главна предност на прогресивното оданочување е дека тоа е морално праведно, односно повеќе во релативна и апсолутна смисла ги оптоварува оние што се побогати.

Очекувањата според Министерството за финансии се да се намалат социјалните разлики, со што ќе се подобрат општествената кохезија и довербата помеѓу луѓето, односно она што економистите денес го нарекуваат општествен капитал.

Понатаму, ќе се изврши редистрибуција од оние што заработуваат повеќе, кон оние што заработуваат помалку. Поради тоа што оние што заработуваат повеќе имаат помала склоност кон потрошувачка, со ова ќе се зголеми вкупната потрошувачка во општеството, со што пак ќе се влијае позитивно врз економската активност.

Дополнително, посочуваат од министерството е дека ќе се обезбедат повеќе средства за државниот буџет. Дел од овие средства ќе се искористат за воведување минимален гарантиран приход, а остатокот за подобрување на здравството, образованието и другите јавни услуги.

Сите овие мерки ќе допринесат да се подобри квалитетот на живот, што ќе придонесе и за забавување на трендот на иселување од земјата. Повисоките буџетски приходи ќе значат и понизок дефицит, а со тоа и забавување на темпото на раст на јавниот долг.

Со тоа ќе се намалат и каматните стапки на задолжувањето, а воедно и средствата што се издвојуваат од Буџетот за сервисирање на долгот. Заради сите гореспоменати причини, се очекува да се зголеми стапката на економски раст.

Меѓу земјите кои имаа рамен данок но веќе го напуштија се Чешка, Словачка и Црна Гора во 2013 година, Албанија во 2014 година, а од 2018 година дури и Летонија, која беше еден од симболите на рамниот данок. Дополнително, Босна и Херцеговина исто така е во подготовка за напуштање.

Ако ја земеме за најблизок пример Албанија ќе забележиме дека оваа земја , со враќањето на прогресивниот данок доби раст на буџетските приходи од околу 2% од БДП, има забавување на  растот на јавниот долг  и   забрзување на растот на БДП (во 2012 и 2013 година растот беше 1,2%, во 2014-2016 година, 2,5%).

Нема еден одговор на прашањето кој ќе биде најоштетен од воведувањето на прогресивниот данок. За богатите е неправеден поради чувството на казнување затоа што заработуваат повеќе, за сиромашните прогресивниот данок е еднаков на правичност, додека пак државата го става во преден план социјалниот момент и секако правичноста дека оние кои имааат повеќе треба и да дадат повеќе,се со цел намалување на економскиот  јаз меѓу граѓаните.

Анализи

Во војната помеѓу банките и онлајн кредиторите, ќе победат податоците!

Објавено

на

Онлајн кредитори пристигнаа на сцена во совршено време за Силиконската долина. Излегувајќи од финансиската криза во 2008 година, банките – традиционалните заемодаватели – бавно го разбираа начинот на кој потрошувачите сакаа да пристапат до кредит и беа (разбирливо) неподготвени да преземат ризик. Наместо да се фокусираат на потребите и барањата на потрошувачите, банките беа фокусирани на други прашања: регулаторни предизвици, ограничувања на капиталот и основни технологии изградени во 1960-тите – ненамерно отворање на пар за пораст на интернет-заемодавците. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се околностите за спојување на Дојче Банк и Комерцбанк?

Објавено

на

Не е само политичкиот пејзаж на Германија што гледа пресврт. Сега се чини дека германската влада е подготвена да го санкционира спојувањето помеѓу две од нејзините некогаш големи банкарски сили, Дојче банк и Комерцбанк. Ова се чини дека е потег за да се осигури дека Германија може да тврди дека има еден финансиски играч кој може да обезбеди доволно финансиска поддршка на германските компании дома, а особено во странство. Ова е идеја оптоварена со опасност. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкарската индустрија не е подготвена за новата ера на маркетинг

Објавено

на

Извештајот за Водич за Финансиски маркетинг во 2018 година, спонзориран од Deluxe, е најдобриот ресурс на индустријата за да се разбере распределбата на буџетите, приоритизацијата на стратегиите и предизвиците со кои се соочуваат финансиските пазари на глобално ниво. За прв пат овој извештај, исто така, обезбедува разбирање на алатките за дигитален маркетинг што се користат од страна на финансиските институции за да се подобри насочувањето, да се автоматизира испораката и да се генерираат подобри резултати. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange