Connect with us

Останато

Кој ќе биде наследникот на Ворен Бафет на чело на Berkshire Hathaway?

Објавено

на

Ворен Едвард Бафет е американски бизнис магнат, инвеститор и филантроп кој е роден на 30 август 1930 година, што значи дека веќе е длабоконавлезен во 87мата година од својот живот.

Бафет е претседател и најголем акционер на Berkshire Hathaway уште од далечната 1970 година, која е најпознатата мултинационална холдинг компанија. Тој е еден од најуспешните инвеститори во светот, а од август 2017 година е втор најбогат човек во САД и четвртиот најбогат човек во светот, со вкупна вредност на богатството од 76,9 милијарди долари.

Со оглед на податокот дека е веќе длабоко навлезен во 9тата деценија од животот, се повеќе се поставува прашањето до кога ќе може да биде лидер на својата компанија и уште поважно кој ќе биде неговиот наследник.

Ворен Бафет во 2014 година во писмо кое го испрати до акционерите, напиша дека изборот на идниот извршен директор на компанијата треба да биде од внатрешните кандидати.

Медиумите и аналитичарите веќе почнаа да шпекулираат со имињата на најсериозните кандидати за наследник на Бафет на функцијата извршен директор на легендарниот конгломерат. Според нив најголема предност им се дава на Грегориј Абел и Аџит Џајн.

Грег Абел е претседател на Управниот одбор на Berkshire Hathaway Energy од 2011 година, главен извршен директор од 2008 година, директор од 2000 година и претседател од 1998 година. Тој се приклучи на BHE во 1992 година и има големо искуство за извршно раководство во енергетската индустрија со силни регулаторни и оперативни вештини, вклучувајќи меѓународно искуство.

Според последните анкети и извештаи на аналитичарите, Грег Авел е посочен како најверојатен наследник на Ворен Бафет како иден извршен директор на инвестицискиот фонд Berkshire Hathaway.

Аџит Џајн е вториот, исто така, многу сериозен кандидат за заменик на Ворен Бафет кој во моментов раководи со Berkshire Hathaway Reinsurance. Но, проблем за него може да биде неговата возраст, бидејќи тој во моментов има полни 66 години.

Сепак, и покрај големите предвидувања и шпекулации, светот ќе почека уште извесен период додека го добие одговорот на ова прашање бидејќи Ворен Бафет сеуште раководи со компанијата и не покажува никакви знаци на брзи промени.

Останато

Голем раст на бројот на невработени лица во 2020 година!

Објавено

на

Бројот на невработени лица се зголемил за 52.023 лица во периодот јануари-декември 2020 година, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување, пренесува „Мета“. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка се зголемила на 156.432 лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими – Техада: Поддршка за реформите во управување со јавните финансии

Објавено

на

Поддршка за реформите за зајаканување на управувањето со јавните финансии преку проекти за подобрување со управувањето со јавниот долг, како и од областа на финансиските статистики, беа дискутирани на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Меј Маск: Илон беше генијалец уште на тригодишна возраст

Објавено

на

Мајката на Илон Маск, Меј знаела дека нејзиниот син е предодреден да биде великан, уште кога имал само три години. Таа говореше за неговата генијалност во интервју за „CBS“.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно