Business Man
Кој е новиот извршен директор на НЛБ Банка АД Скопје?


Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје на денешната 98. седница назначи и потврди промени во раководството на Банката. По шестгодишно успешно управување со Банката, актуелниот Претседател на Управниот одбор, Антонио Аргир, е унапреден на нова позиција во седиштето на НЛБ д.д. Љубљана, како Извршен помошник на Управниот одбор на НЛБ д.д., одговорен за управување со НЛБ Групацијата. Надзорниот одбор го именуваше Бранко Грегановиќ за нов Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, во очекување на потребните одобренија.
Кој е Бранко Грегановиќ?
Бранко Грегановиќ има повеќе од 20 години искуство на високи позиции во банкарскиот и реалниот сектор. Тој е поранешен Главен извршен директор и Главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград.
За време на неговите седум години на чело на НЛБ Банка Белград, банката обезбеди профитабилно работење и забрзан раст од 15% до 20% годишно. Така, Банката го отвори патот за преземање на една од водечките банки на српскиот пазар, Комерцијална банка, од страна на НЛБ д.д., во декември 2020 година. По аквизицијата, банките во НЛБ Групацијата имаат една од првите топ-три и системски важни позиции на сите пазари на кои работи Групацијата.
По добивањето на сите потребни дозволи од надлежните институции и лиценцата од Народната банка на Република Северна Македонија, Грегановиќ ќе биде нов Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, а ќе ги преземе функциите на Главен извршен директор и Главен маркетинг директор.
Дотогаш, Грегановиќ ќе ја извршува функцијата помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Business Man
Руски банкар ја осуди „безумната“ војна во Украина


Рускиот милијардер и банкар Олег Тинков, основачот на интернет-банката „Tinkoff Bank“, на Инстаграм ја осуди оваа „безумна“ руска војна во Украина. (more…)
Business Man
НОВА ГОЛЕМА КРИЗА НА ПОВИДОК!? – Бил Гејтс ги продава акциите, знае ли нешто што другите не го знаат?


Бил Гејтс предизвика внимание со некои од неговите последни потези на берзите – тој продава голем дел од своите акции и го менува фокусот на инвестициите, што дел од експертите го гледаат како сигнал за нова можна криза на финансиските пазари. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје