Останато
Кој е најголемиот ограбувач на банки во светот!?


Со украдени милијарди долари од банки, единиците за сајбер-војна на кореанската армија се многу подиректна и поитна закана отколку нејзината забранета нуклеарна програма.
Додека Северна Кореја е заглавена во 1950-те, благодарејќи на сите можни санкции што некогаш им текнало на САД да ги воведат, таа истовремено тивко но крајно успешно успева да ги изгради своите сајбер капацитети, кои според аналитичарите денес бројат илјадници многу добро обучени хакери.
Светската јавност прв пат стана свесна за сајбер капацитетите на Северна Кореја во 2014, кога нејзините хакери, наводно, успеаа да упаднат во мрежата на филмското студио на Сони, како одмазда за филмот „The Interview“, во кој се исмеваше лидерот на земјата. Нападот резултираше со предвремено објавување на неколку нови филмови на интернет, како и обемна база на доверливи документи од компанијата.
Од тогаш Северна Кореја е обвинета за повеќе сајбер-напади, од грабежот на 81 милион долари од Централната банка на Бангладеш, до Вона Крај рансомвер нападот од 2017 со кој беа заразени околу 300.000 компјутери во 150 држави.
Во февруари САД обвини тројца Севернокорејци за обид да кражба на над 1,3 милијарди долари од американски финансиски институции.
Во Годишниот извештај за процена на заканите за 2021, Вашингтон признава дека Пјонгјанг „веројатно поседува експертиза за предизвикување привремени, ограничени нарушувања на работата на некои мрежи критични за американската инфраструктура“.
Во документ од канцеларијата на директорот за национална безбедност на САД се наведува дека Пјонгјанг има украдено стотици милиони долари од финансиски институции и берзи за криптовалути,.
Кон средината на 1990-те, тогашниот господар на Северот, Ким Јонг Ил, изјави „сите војни на иднината ќе бидат компјутерски“. Отприлика од тоа време потекнува и сајбер програмата на земјата.
Единицата за сајбер-војна на Северна Кореја, Биро 121, брои околу 6.000 лица, и оперира од неколку држави вклучувајќи ги Белорусија, Кина, Индија, Малезија и Русија. Разликата меѓу оваа и другите хакерски единици на армиите низ светот, е што Северна Кореја ги ангажира своите хакери и за чисто финансиски ќар.
Припадниците на Биро 121 се обучени за најразлични програмски јазици и оперативни системи во севернокорејскиот Мирим Универзитет. За оваа обука годишно се регрутираат 100 од најдобрите ученици на Северна Кореја.
Извор: off.net.mk
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
Останато
Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје