Connect with us

Домашни банки

Кој е Драго Кос – експертот што ќе го објави независниот извештај за стечајот на Еуростандард Банка

Објавено

на

Како што деновиве беше најавено, на 22.08.2022 година во Скопје, бизнисменот и најголем акционер во Еуростандард Банка, Трифун Костовски ќе го објави независниот извештај од истрагата за стечајот на банката што ја водеше тимот предводен од господинот Драго Кос, еден од најеминентните европски експерти во областа.

Кој е Драго Кос?

Драго Кос е меѓународен експерт за борба против корупција и организиран криминал повеќе од три децении. Во неговото CV се вброени функциите – поранешен претседател на GRECO, формирана од советот на ЕУ, со специјална задача борба против корупцијата во земјите членки, претседавач на работната група на „OECD“ (Организација за економска соработка и развој) за корупција во меѓународни бизниси, копретседавач со „MENA“ – Мрежа на „OECD“ за деловен интегритет, водечки експерт на „CIPE“ – Центар за меѓународни приватни компании, член на изборната комисија за избор на шеф на специјалното антикорупциско обвинителство во Украина и многу други.

Во Македонија, Кос и неговиот стручен тим, работеа на стечајот на Еуростандард банка при што открија дека земјава има сериозен проблем со банкарскиот систем.

„Македонија има сериозен проблем со банкарскиот систем!“, изјави Драго Кос.

По повод објавувањето на извештајот од истрагата, кој ќе биде на 22.08.2022 година, во целост ја пренесуваме изјавата на Драго Кос која гласи:

„За секоја земја, кредибилноста на нејзиниот банкарски систем е од исклучителна важност затоа што тој е систем што го користат самата држава, приватниот сектор и граѓаните. Сосема е природно, клиентите да очекуваат нивните банки да се придржуваат на законските прописи кои ги штитат не само банките туку и приватната сопственост на своите коминтенти, како и финансискиот интегритет и кредибилитет на земјата. За жал во Република Македонија, барем последните 18 години, се случуваше нешто сосема поинаку. Како што покажаа темелните и длабоки анализи на работењето на одредени банки, вклучувајќи ја и Еуростандард Банка, банките иницирале и одржувале незаконски систем на финансирање на одредени клиенти, кој еволуирал до таа мера да економски ги уништи банките, приватните претпријатија и поединци. Низ таквиот систем, кој во одредени моменти опфатил дури седум комерцијални банки и повеќе десетици компании, поминале повеќе стотици милиони евра за кои не реагираа Народната Банка на Република Македонија, иако знаела за сите тие елементи, ниту Државното Обвинителство на Република Македонија, кое исто било запознаено до последен детал, ниту пак Владата на Република Македонија, па дури ни кога сите набројани биле претходно предупредени. Токму поради ова дојде време целата вистина да се обзнани пред македонската јавност.“

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов дизајн и функционалности на S-банка мобилната апликација

Објавено

на

Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка горда на резултатите на својот КБ тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Неуморноста и посветеноста дефинитивно се одлика на тимот на Комерцијална банка. Затоа и не изостанаа добрите резултати на маратонците од Банката на годинашниот Скопски маратон. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка се стекна со сертификат „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје се стекна со сертификат за „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој го доделува Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ). Овој сертификат претставува потврда за мисијата на Шпаркасе Банка, која во својот работен фокус ги има своите клиенти и нивното задоволство во сите области на делување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно