Connect with us

Анализи

Кој влегува и излегува од системот на ДДВ обврзници со новиот праг – Имате рок до 15 јануари

Објавено

на

Откако на сила стапија законските измени за задолжителна регистрација во регистарот на ДДВ обврзници сите правни и физички лица согласно направениот промет за 2019 и статусот во последните три години имаат на располагање две недели да го утврдат својот статус.

Од 1 јануари годинава повторно е покачен горниот праг со промет од реализирани над 2 милиони денари годишно по што физичките и правните лица стануваат ДДВ обврзници. Претходно важеше правилото дека само тие кои имаат над 1 милион денари приход треба да бидат опфатени со Данокот на додадена вредност.

Затоа до 15 јануари доколку поминале три години од регистрирање на правното и физичко лице како ДДВ обврзник, а во 2019 година приходите не надминале 2 милиони денари тогаш постои можност за бришење на оваа обврска.

Тоа значи дека правните или физичките лица кои претходно се регистрирале како ДДВ обврзници доколку во 2019 година оствариле под 2 милиони денари приход имаат право да се регистрираат. Доколку претходно не се регистрирани како ДДВ обврзници и приходите им се до 2 милиони денари немаат обврска да се регистрираат.

Согласно измените на Законот за ДДВ, барање – пријава за дерегистрација можете да поднесете на почетокот на следната календарска година, само доколку се изминати три календарски години од кога сте регистрирани за цели на данокот на додадена вредност.

Ова е уште една позитивна промена која беше усвоена по предлозите на стопанските комори и бизнис секторот за намалување на периодот на задолжителна регистрација од 5 години, кој сега изнесува 3 години.

„Со нововоспоставениот праг за ДДВ обврзници оваа година целиме кон намалување на административниот товар на малите и средни компании и поддршка во нивниот раст, намалување на административниот товар и кај даночната администрација и повеќе време за справување со сивата економија“ велат од Министерството за финансии.

Повеќе информации и насоки може да најдете во прирачникот на Министерство за финансии на следниот линк.

Анализи

Во која банка е најисплатливо да имате трансакциска сметка!?

Објавено

на

Во текот на денешниот ден ги анализираме провизиите и надоместоците што ги наплатуваат домашните банки за месечно одржување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните, но и кај фирмите во вториот квартал

Објавено

на

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата со коронавирусот во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за вториот квартал односно за периодот од април-јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Финансиските друштва се извор на приливи за граѓаните кога им се неопходни итни финансиски средства

Објавено

на

Кај голем дел од популацијата мислењето за финансиските друштва е негативно. Независно дали е тоа од сопствено искуство или е наметнато мислење коешто е општоприфатено кај повеќето граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Популарно