Connect with us

Компании

Која македонска компанија за само една година ја зголеми добивката за неверојатни 3.287%?

Објавено

на

Анализирајќи ги податоците за финансиските резултати на македонските компании во првите шест месеци од тековната 2020 година ќе забележиме дека е намален бројот на компании кои оствариле позитивен финансиски резултат во првото полугодие на 2020 година во споредба со истиот период од претходната година.

Во анализираниот период 66 компании оствариле позитивни финансиски резултати на крајот на првото полугодие, додека пак лани тој број бил поголем за 8, односно вкупната бројка изнесувала 72 компании кои имале позитивен финансиски резултат.

Но, анализирајќи ги податоците подетално можевме да забележиме дека има компании за кои првото полугодие на 2020 година е значително поуспешно во споредба со истиот период од претходната година. Кога сме кај растот на добивката, тука значително се издвојува една компанија, а тоа е Макстил АД Скопје, која бележи фантастичен резултат во првите шест месеци од годинава.

Во првата половина од 2020 година, Макстил АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат односно забележа нето добивка во износ од 40,98 милиони денари, но што е уште позначајно компанијата оствари пораст на добивката за неверојатни 3.287,44%, споредено со нето добивката остварена во истиот период на минатата година.

Овој податок го става Макстил АД Скопје на првото место кај македонските компании со најголем пораст на добивката во првите шест месеци од 2020 година во споредба со истиот анализиран период од претходната година.

Компании

Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

ОФИЦЕР ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

АНАЛИТИЧАР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Финтек компанијата Paynetics ги презема ограноците на WireCard во Велика Британија и Ирска

Објавено

на

Бугарската финтек компанијата „Paynetics” објави во петокот дека преку своето работење во Велика Британија, се стекнала со портфолиото на корпоративната платежна картичка што е дел од деловната германска „WireCard” во Велика Британија и Ирска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно