Connect with us

Домашни банки

Која македонска банка ја зголеми добивката за 380% во 2020 година?

Објавено

на

Според податоците до кои дојде Банкарство.мк, иако повеќе од една година владее пандемија на коронавирусот, банкарскиот сектор во нашата земја е исклучително успешен. Водечките три банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Банка) во изминатата кризна 2020 година имаат добивка од над 91 милиони евра, што во време на пандемија на коронавирусот претставува исклучителен финансиски резултат.

Анализирајќи ги податоците на целиот банкарски сектор ќе видиме дека и останатите банки се многу успешни и сите имаат позитивни финансиски извештаи.

Но, анализирајќи ги податоците подетално можевме да забележиме дека поголемите, условно кажано водечките банки во државава бележат намалување на добивките во однос на претходната 2019 година, додека пак условно кажано помалите банки бележат раст на добивките.

Намалување на добивката во 2020 година, споредено со нето добивката остварена во истиот период на минатата година бележат Стопанска банка АД – Скопје, НЛБ Банка, Охридска банка и ТТК Банка.

Сепак, има и банки за кои 2020 година беше значително поуспешно во споредба со 2019 година. Кога сме кај растот на добивката, тука значително се издвојува една банка, а тоа е Стопанска банка а.д. Битола, која бележи фантастичен резултат во изминатата 2020 година.

Во 2020 година, Стопанска банка а.д. Битола беше фокусирана на остварување на клучните стратешки, деловни и финансиски цели во услови на вонредна состојба во државата и во услови на глобална економска неизвесност наметната од пандемијата од вирусот COVID-19. Банката дејствуваше пред сè во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, додека истовремено продолжи со кредитна поддршка на правните субјекти и домаќинствата, а притоа максимално се залагаше за безбедност на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Успешното справување со наметнатите предизвици, како и брзата реакција и респонзивноста на кратките рокови за приспособување на активностите во работењето за да се остане на стратешката патека на долг рок, придонесоа кон остварувањето позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2020 – 31.12.2020 година, односно нето-добивка во износ од 81,45 милиони денари, но што е уште позначајно банката оствари пораст на добивката за неверојатни 379,99%, споредено со нето добивката остварена во истиот период на минатата година.

Ова ја става Стопанска банка а.д. Битола во редот на ТОП 5 македонски компании со најголем пораст на добивката во 2020 година во споредба со истиот анализиран период од претходната година.

Домашни банки

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

Објавено

на

За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Популарно