Анализи
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?

Во ноември 2019 година успешно беше завршен процесот на превземање на Охридска банка, со што Банката стана дел од реномираната Штаермеркише Банк и Шпаркасен, АД Грац, Австрија и пошироко Ерсте групација.
Штаермеркише Банк и Шпаркасе, АД Грац, Австрија беше првата австриска финансиска институција која со превземањето на тогашната Инвестбанка Скопје влезе на Македонскиот банкарски пазар во 2008 година, брендот „Шпаркасе“ беше воведен во октомври 2010 година, се обезбедија потребните ресурси за управување и групациско know-how и банката се изгради во сигурен и доверлив партнер за своите клиенти и економијата.
Согласно стратегијата на групацијата предвидено е интегрирање на двата субјекта (Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка АД Скопје) при што целта е да се зајакне присуството на локалниот пазар, имајки предвид дека Охридска банка претходно беше дел од силна мегународна финансиска групација со слична деловна стратегија, стандарди за професионализам и стабилен банкарски модел, високо ориентирана кон клиентот и препознатливост на пазарот и високо ниво на задоволство на клиентите, кои параметри се вклопуваат со стратегијата на Групацијата Штермеркише Банк и Шпаркасе.
Големината на финансиските институции станува есенцијален фактор за успех, особено во услови на сегашните трендови на дигитализација и автоматизација на финансиски услуги. Флексибилноста и способноста за приспособување претставуваат нови карактеристики кои финансиските институции треба да ги поседуваат со цел да бидат способни да се соочат со предизвиците што ги носи дигиталната ера, преку различни форми на партнерства, спојувања и аквизиции.
Интегрираниот ентитет се очекува да има зголемен капацитет за кредитирање и да може да сервисира поголем дел од потребите за кредитирање на водечките компании и со својата стручност и пристап да биде локална подршка за нивниот бизнис и
природен партнер на меѓународните и компаниите од ЕУ.
За клиентите физички лица, како и малите и средни претпријатија ќе продолжат да се развиваат модерни и дигитални банкарски производи, како и целосен фокус на квалитетот на услугата за клиентите. За постојните клиенти на Охридска банка ќе се овозможат дополнителни бенефити поврзани со географскиот регион каде е присутна Групацијата Штермеркише Банк и Шпаркасе, на пример повлекувања на готовина од банкомати на Групацијата без провизии и сл.
Најголемите придобивки се очекува да бидат резултат на економијата од обем и додадената вредност. Имено, ефектите на синергија се проценуваат како деловни и финансиски, со тоа што деловната синергија е резултат на потенцијалот за намалување на трошоците – директна последица на економија од обем.
Стратешки цели за наредниот период:
– Зголемување на комерцијалните активности (превземање на нови клиенти и задржување на постојните, кредитен и депозитен раст).
– Зголемување на продажбата преку надградување на постојните и воведување на нови продажни канали.
– Позиционирање како референтна банка за сите сегменти на клиенти
– Зголемување на квалитетот како клучна стратешка цел
– Иновација, симплификација, дигитализација, автоматизација.
– Навремено и успешно усогласување со локалната банкарска регулатива – групациските правила и најдобрите банкарски практики.
– Рационализација, зголемена ефикасност, контрола на трошоци и заштеда.
Оваа банка, која е една од петте најголеми домашни банки, планира во наредните четири години континуирано да ја зголемува добивката (пред оданочување). Добивката пред оданочување во 2025 година треба да достигне 10,9 милиони евра што би претставувало повеќе од двојно зголемување во однос на планираната добивка пред оданочување за 2021 година која се очекува да достигне 4,7 милиони евра.
Главните изворни приходи на банката во овој период ќе останат „нето приходите од камати“. Тие за годинава се очекува да бидат 16,4 милиони евра, а проектирано е за пет години од сега поточно во 2025 година да пораснат до 22,6 милиони евра. Нето приходите од провизии остануваат како втора најголема приходна ставка и тие до 2025 година се очекува да пораснат за 67,36% односно до 7,3 милиони евра.
Банката освен приходите ќе ги зголеми и дел од своите трошоци, па така проектирано е зголемување на трошоците за плати на вработените. Од сегашните 5,4 милиони евра колку што изнесува трошокот за плати годинава до 2025 година континуирано ќе расте и ќе достигне 6,8 милиони евра. Пораст ќе има и кај останатите оперативни трошоци кои до 2025 година ќе достигнат околу 6 милиони евра, додека ставката општи административни трошоци којашто во моментов изнесува 11,8 милиони евра до 2025-та година планирано е да се зголеми на 15,1 милиони евра.
На страната на билансот на состојба плановите за најважните активности се насочени кон универзалните банкарски услуги: кредитирањето и прибирањето депозити. Кредитирањето за пет години треба да достигне 759,3 милиони евра што е за 216 милиони евра повеќе од годинава.
Кај депозитите на крај на годинава вкупното конто ќе достигне 472,3 милиони евра, а за пет години линеарно треба да порасне и да достигне 681,9 милиони евра.
Анализи
Најдобри совети како да го реновирате вашиот дом во рамките на буџетот

Домот треба да биде наше засолниште, но и среќно место каде ќе се релаксираме на крајот од напорниот ден и ќе креираме семејни спомени со нашите најмили. Токму затоа, секој од нас сака да создаде што поудобна и попријатна атмосфера во него. Една од причините поради која може да се одлучите да го реновирате домот е желбата да го направите подобро место за живеење или едноставно сакате промена и свежина во домот. (more…)
Анализи
Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје