Connect with us

Форекс

Која компанија ја зголеми вредноста на акциите за над 30 проценти?

Објавено

на

Новиот бран на вирусот Ковид-19 одново ги дестабилизира акциите на котираните друштва на Македонска берза. Кога се чинеше дека пандемијата полека стивнува и се гледа крајот, коронавирусот повторно зема замав, од ден на ден се зголемува бројот на новозаболени, а со тоа дополнително се зголемува и неизвесноста.

Во време кога сите очекуваа да се врати животот во нормала, граничните премини да се отворат, економијата да заживее, да се одреди датум за одржување на избори со цел да се оформи легитимна Влада, вирусот Ковид-19 повторно почна да се шири со забрзано темпо.

Овие нови случувања повторно ја дестабилизираат Македонската берза, на која изминатиов период и онака се тргува со намален интензитет, а се намалува и довербата кај инвеститорите.

Последниот ден за тргување на Македонска берза, го одбележа растот на вредноста на акциите на компанијата УГОТУР АД Скопје, чиишто акции ја зголемија вредноста за огромни 31,58 проценти.

Минимален пораст на вредноста забележаа и акциите на ОКТА АД Скопје од 1,30%, како и на Гранит АД Скопје, кои ја зголемија вредноста за 0,41%.

Најголем пад на вредноста забележаа акциите на ТТК Банка АД Скопје од 2,80%, пред акциите на Стопанска банка АД Скопје коишто ја намалија својата вредност за 2,18 проценти.

Пад на вредноста на акциите забележаа и Алкалоид АД Скопје и Македонски Телеком АД – Скопје чиишто акции ја намалија својата вредност за 1,53%, односно за 1,49 проценти.

Минимален незначителен пад на вредноста забележаа акциите на Комерцијална банка АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6957 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 55.2136 денари, британската фунта изнесува 69.2564 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.4394 денари.

Форекс

Доларот падна по две недели раст

Објавено

на

Доларот ја намали својата вредност во однос на корпата на валути, по двенеделен раст, во претпазливо тргување бидејќи инвеститорите се загрижени за континуираното ширење на коронавирусот во светот. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Берзата го продолжува бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30.09.2020 година.
(more…)

Продолжи со читање

Форекс

Инвеститорите воздржани, еврото со вредност од 61.6953 денари

Објавено

на

Новиот бран на вирусот Ковид-19 повремено ги дестабилизираше акциите на котираните друштва на Македонска берза, бидејќи кога се чинеше дека пандемијата полека стивнува и и се гледа крајот, коронавирусот повторно зема замав, од ден на ден се повеќе се зголемува бројот на новозаболени, а со тоа дополнително се зголемуваше и неизвесноста. (more…)

Продолжи со читање

Популарно