Connect with us

Анализи

Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?

Објавено

на

Банкарскиот сектор во турбулентната 2020 година покажа висок степен на стабилност како и вообичаено, банките остварија високи приходи и профити, дури и во време на пандемија на Ковид-19 вирусот.

Профитабилноста на македонските банки од година во година расте, а изминатата 2020 година достигна вредност од неверојатни 7,25 милијарди денари или приближно 118 милиони евра покажуваат податоците на Народна банка.

Профитот на банките се зголеми и покрај тоа што изминатата година, бројот на комерцијални банки се намали на 14, откако Народната банка на 12 август 2020 година постапувајќи согласно со Законот за банките ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. По подолг период бевме сведоци на пропаѓање на една македонска банка.

Но, ниту тоа не ја наруши стабилноста на банкарскиот систем, туку како што наведуваат експертите „Еуростандард банка АД Скопје” била најслабата алка во банкарскиот сектор и со нејзиното затворање дополнително се зголеми банкарската стабилност.

Веќе неколку години, Стопанска банка АД – Скопје важи за најпрофитабилна банка во нашата држава. Во деловната 2020 година, Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 2.177.457 илјади денари или повеќе од 35 милиони евра, која е пониска од добивката во претходната година, како резултат на пандемијата и намалениот обем во речиси сите сегменти од банкарското работење.

Сепак, и покрај тоа што е најпрофитабилна Стопанска банка АД – Скопје се наоѓа на второто место според вредноста на активата која изнесувала 106 милијарди денари или 1,724 милијарди евра. Тоа претставува зголемување за 103 милиони евра во однос на претходната 2019-та година.

Кога сме кај најмоќната и најбогатата македонска банка според активата, тоа е Комерцијална банка АД Скопје чијашто вредност на активата достигна високи 132 милијарди денари или 2,157 милијарди евра. Во однос на претходната 2019-та година, активата на Комерцијална банка се зголемила за 156 милиони евра.

Третото место според вредноста на активата го заокружува НЛБ Банка која е дел од големата тројка. Исто како и своите конкуренти, и НЛБ Банка ја зголемила својата актива за 137 милиони евра во однос на претходната 2019-та година и таа изнесувала 96 милијарди денари или 1,574 милијарди евра.

Инаку, според најновите критериуми на Народната банка, во групата големи банки влегуваат оние банки чија актива е поголема од 664 милиони евра, а такви во земјава се пет банки. Освен споменатите три банки од големата тројка, во редот на големи банки според вредноста на активата влегуваат и Халкбанк АД Скопје и Охридска банка АД Скопје.

На четвртото место според вредноста на активата се наоѓа Халкбанк АД Скопје со актива вредна 67 милијарди денари или 1,089 милијари евра. Вредноста на активата на Халкбанк во 2020 година пораснала за 156 милиони евра во однос на претходната 2019 година.

Охридска банка АД Скопје е следна на листата според вредноста на активата. Вредноста на нејзината актива во 2020 година изнесувала 42 милијарди денари или 689 милиони евра. Тоа претставува зголемување за 49 милиони евра во однос на 2019 година.

Групата на средни банки според вредноста на активата ја води ПроКредит Банка, а по неа следуваат Шпаркасе Банка Македонија, УНИБанка АД Скопје, Развојна банка на Северна Македонија, Стопанска банка а.д. Битола и Централна кооперативна банка. Критериумот на Народната банка за средните банки е нивната актива да биде поголема од 166 милиони евра и помала од 664 милиони евра.

ПроКредит Банка е шестта банка според вредноста на активата којашто изнесува 35 милијарди денари или 574 милиони евра. Исто како и претходните банки и нејзината актива пораснала во однос на 2019 година за 82 милиони евра.

Следува Шпаркасе Банка Македонија со актива вредна 26 милијарди денари или 429 милиони евра. Претходната 2020 година вредноста на активата на Шпаркасе Банка пораснала за 30 милиони евра во однос на 2019 година.

На осмата позиција според вредноста на активата се наоѓа УНИБанка АД Скопје со актива вредна 23,7 милијарди денари или 386 милиони евра. Вредноста на активата на УНИБанка во 2020 година пораснала за 17 милиони евра во однос на 2019 година.

Следуваат Развојната банка на Северна Македонија со актива вредна 12 милијарди денари или 195 милиони евра, потоа Стопанска банка а.д. Битола со актива вредна 11 милијарди денари или 179 милиони евра и Централна кооперативна банка АД Скопје со актива вредна 10,5 милијарди денари или 172 милиони евра на осмото, деветтото и десеттото место редоследно.

Во групата на мали банки прва е ТТК Банка АД Скопје, а по неа следуваат Силк Роуд Банка АД Скопје и Капитал банка АД Скопје. Мали банки според критериумот на Народната банка се сите банки со актива пониска од 166 милиони евра.

На единаесеттото место според вредноста на активата се наоѓа ТТК Банка АД Скопје чијашто актива изнесува 8,8 милијарди денари или 114 милиони евра. Следуваат Силк Роуд Банка АД Скопје со актива вредна 6,9 милијарди денари или 113 милиони евра и Капитал Банка АД Скопје со актива вредна 2,7 милијари денари или 44,5 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.

Анализи

Македонските банки со најуспешни резултати на ниво на цел регион

Објавено

на

Повеќе од успешни се резултатите од работењето на банките во земјава минатата година, како во однос на добивката, така и во однос на обемот на работа, стабилноста и одговорноста кон новонастанатата состојба. Споредбата на финансиските резултати на банките од Република Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Хрватска покажува дека македонските банки се одлично капитализирани и финансиски успешни. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!

Објавено

на

Македонскиот банкарски систем е стабилен и сигурен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот, беа уверувањата од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација по укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должи на неисполнување на минималните законски услови за работење на банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Финансиските друштва и под предизвикувачки услови дадоа поддршка во надминување на ефектите предизвикани од Ковид – кризата, продолжуваат со отвореност за развој на финтек индустријата

Објавено

на

Според статистиката на Народната банка на Северна Македонија, во рамките на финансискиот систем на Северна Македонија, вкупните средства на останатите (небанкарски) финансиски институции во 2020 година бележат годишен раст од 12,8%. (more…)

Продолжи со читање




Популарно