Connect with us

НБРМ

Која е вицегувернерката Емилија Нацевска?

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка на Република Македонија, Емилија Нацевска е родена во Охрид, а во 1986 година дипломира на Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје на насока за финансии, сметководство и банкарство. Магистерската теза ја одбранила на темата: „Улогата на Народната банка на Република Македонија во евроинтеграциониот процес на земјата“ во 2012 година.

Нејзината стручност се надодополнува со голем број семинари и курсеви организирани од центрите за обука на меѓународните финансиски институции и централните банки во областа на макроекономското финансиско програмирање, макроекономските статистики, монетарната политика, девизниот режим, финансискиот систем и политика, платните системи, евроинтеграциските процеси, инстутуционалниот менаџмент и др.; студиски посети на централната банка на Словенија, Австрија, Бугарија; учество во бројни меѓународни работилници од овие области. Присуството или учеството со свои излагања на значителен број домашни и меѓународни конференции од областа на централнобанкарското работење и финансиските системи се дополнителни чинители на нејзината кариера.

Од 2004 година до денес, Нацевска е Претседател на Националниот совет за платни системи, формиран со Спогодба меѓу гувернерот, министерот за финансии и претседателот на Здружението на банкарството, како консултативно и координативно тело за развој и унапредување на платниот систем, составен од претставници на институциите основачи и на други институции вклучени во платниот систем; ги координира активностите за разрешување актуелни проблеми во извршувањето на плаќањата, за унапредување на платните системи преку примена на стандардите и правилата за работа на СЕПА; го организира процесот за подготовка на национална стратегија за развој на платните системи и го следи остварувањето.

Една од најзначајните позиции е: Иницијатор и координатор на спроведувањето на првиот проект за соработка на НБРМ со Европската централна банка со којшто е извршена целосна анализа на состојбите и потребите на НБРМ во процесите на нејзино приклучување кон Европскиот систем на централни банки и Евросистемот.

Од јули 2003 до јули 2010 година била Вицегувернер на НБРМ и член на Советот на Народната банка на Република Македонија. Нејзините улоги во тоа време се поделени на: Вицегувернер задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика и Вицегувернер задолжен за оперативното спроведување на монетарната политика, управувањето со девизните резерви, платните системи и трезорското работење.

Од јули 2010 година до денес Нацевска е Советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции во Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

На Нацевска мајчин јазик и е македонските, а одличнo ги говори англискиот и јужнословенските јазици.

НБРМ

НБРМ: Минимално зголемување на корпоративните кредити во октомври

Објавено

на

Во октомври, кредитите на корпоративниот сектор остварија минимална месечна нагорна промена од 0,1% при што зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор во денари е само делумно неутрализирано со падот на девизното кредитирање, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ и ММФ: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем и натаму е здрав

Објавено

на

Централна Банка

На завршниот состанок со тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој престојуваше во земјата заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија, присуствуваa гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и тим на Министерството за финансии,предводен од министерот, д-р Драган Тевдовски. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Доделени наградите на учениците со најдобри творби за меѓународните денови на штедењето и осигурувањето

Објавено

на

Финансиската едукација треба да започне уште од основно училиште. Треба да се вложува во унапредување на финансиската писменост, бидејќи таа придонесува за подобри финансиски одлуки и здрава економија. Ова беше истакнато денеска на јавното доделување на наградите за учениците од основното и средното образование од конкурсот за најдобри литературни и ликовни творби по повод меѓународните денови на штедењето и осигурувањето. Доделувањето се одржа во Министерството за финансии, а на него присуствуваа министерот за финансии, Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange