Connect with us

Осигурување

Која е важноста на работењето на пензиските друштва во вториот пензиски столб?

Објавено

на

Реформираниот пензиски систем во Македонија е веќе во својата втора деценија. Главните цели на оваа реформа се да се намали товарот врз буџетот на државата за покривање на пензиите од првиот столб и обезбедување стабилна и сигурна пензија.

Од пензиските друштва потенцираат дека за секој осигуреник е од особена важност да биде запознаен со својата пензиска заштеда, како и да се едуцира за работата на своето пензиско друштво. „Промените на пензискиот систем се евидентни. Со воведениот нов систем, кој е комбинација на тековно и капитално финансирање, се изгради систем со бенефиции за поединецот и дополнителни ефекти за целата економија. Поединецот е посигурен, бидејќи финансирањето на пензијата ќе се врши од повеќе извори, ризикот се диверзифицира, а нашата транспарентност останува еден од основните принципи во работењето и комуницирањето со членовите. Сепак, познавањето и заинтересираноста на членовите за пензиското осигурување и за состојбата на нивните пензиски сметки е мала, иако се работи за нивни лични пензиски заштеди“, велат од пензиските друштва.

Една од главните придобивки во вториот задолжителен пензиски столб се инвестициите што ги прават приватните пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Сава пензиско друштво АД Скопје, кои имаат за цел остварување приноси, кои понатаму рамномерно се распределуваат на индивидуалните сметки на секој осигуреник.

Приватните пензиски друштва, под надзор на Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ги инвестираат средствата од вториот столб во разни финансиски инструменти, како и во акции на профитабилни домашни и светски компании, меѓу кои и познатите Apple, Microsoft, BMW, Siemens, Airbus, Алкалоид, Прилепска пиварница и др.

Како резултат на добрите инвестиски одлуки на пензиските друштва, средствата на задолжителните фондови, од почетокот со работењето до 30.9.2018 година, имаат просечен годишен пораст на вредноста на сметководствената единица од 5,64 %*.

За повеќе детали во врска со работата на пензиските друштва, погледнете го видеото во прилог и посетете ја веб-страницата www.penzija.mk

Осигурување

Семеен дом осигуран со 3,2 милиони евра, највисоката осигурена сума за имот на физичко лице

Објавено

на

Најголемата корпоративна полиса издадена во земјава покрива максимална штета до износ од 1,26 милијарди евра. Кај каско осигурувањето возила максимална осигурена сума за покривање штети е 41 милиони евра и договорот за осигурување го има претпријатие за јавен превоз на патници. Полисата со највисока осигурена сума за исплата на штети за приватно здравствено осигурување покрива до 2,3 милиони евра со која се осигурани речиси 800 вработени лица. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав полиса за корисници на кредит која целосно ги покрива кредитните обврски

Објавено

на

Кредитите и кредитните картички станаа наша слатка навика за финансирање на нашите потреби, желби и соништа. Практично, сите живееме живот на кредит. Но, дали сте пресметале колку изнесува вашето кредитно задолжување? Колку вашето семејство финансиски зависи од вас? (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Триглав Осигурување Живот со најголем раст во сите сегменти на пазарот за животно осигурување

Објавено

на

Животното осигурување и во вториот квартал од оваа година забележува раст што е позитивен индикатор за движењата на пазарот за осигурување.

(more…)

Продолжи со читање



Популарно