Connect with us

Домашни банки

Која банка ќе го наследи милионскиот бизнис на Еуростандард банка!?

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија и даде согласност на АД „Пошта на Северна Македонија“ за отпочнување постапка на преговори за да склучи нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на земјата преку која ќе ги врши услугите на платниот промет.

„На барање на Собранието на акционери на АД „Пошта на Северна Македонија“, владата и даде согласност на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје за отпочнување на постапка на преговори со цел склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка, преку која ќе ги врши услугите на платниот промет”, соопштија од владата.

Пропаднатата Еуростандард банка која имаше ексклузивен 15-годишен договор со АД Пошта имаше на управување околу 300 шалтери ширум земјава, за вршење на платен промет.

Но, сега останатите комерцијални банки во земјава се во поход да го наследат милионскиот бизнис на Еуростандард банка АД Скопје и да склучат Договор за деловна соработка со АД „Пошта на Северна Македонија“.

Директорот на пошта, Ејуп Ристеми, за денес најави дека ќе свика управен одбор на кој ќе се дефинираат критериумите за избор и ќе се повикаат сите деловни банки да достават понуди по одземањето на дозволата на Еуростандард банка АД Скопје, преку која АД „Пошта на Северна Македонија“ ја вршеше услугата платен промет. Со одземањето на дозволата на Еуростандард банка, АД Пошта ја изгуби можноста да исплаќа пензии, социјална помош, но и да врши платен промет, што повлече големи загуби за АД „Пошта на Северна Македонија“.

За искусните банкари ова е одлична прилика за проширување на бизнисот, но и за лов на нови клиенти. Тие гледаат можност да нудат финансиски производи на шалтерите на АД Пошта ширум земјава.

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк со известување за предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати ноемвриските пензии на 26 – ти ноември (четврток) и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка од утре започнува со предвремена исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати ноемвриските пензии на 26- ти ноември (четврток). (more…)

Продолжи со читање

Популарно