Домашни банки
Која банка нуди најдобри услови за приматели на плата?

Со првото вработување основно нешто што треба да направите, доколку веќе немате, е да отворите трансакциска сметка во банка бидејќи преку неа во иднина ќе го добивате вашиот личен доход. Во денешно време трансакциска сметка вообичаено се отвора и порано бидејќи е неопходна за низа банкарски услуги и тогаш најчесто и не се води многу грижа за тоа во која банка е сметката. Но, кога се почнува да се остварува личен доход, тогаш станува важно чиј клиент ќе станете бидејќи самото тоа што платата „легнува“ на сметка во одредена банка, може да ви донесе низа поволности.
Понекогаш изборот на „вистинската“ банка може да биде комплициран затоа што банките нудат широк спектар производи и услуги. Токму затоа, за да го поедностави процесот за избор, Халкбанк ја креираше услугата „Примател на плата” со што секој кој ќе реши својот личен доход да го добива на транакциска сметка во банката, без разлика дали се работи за прво вработување или за „префрлање на платата“ од друга банка, добива низа значајни бенефиции.
Секој што преку тековна сметка во Халкбанк остварува редовен личен доход, пред сé добива можност за користење на Mastercard Debit Contactless дебитна картичка со која може без провизија да подигнува готовина од банкоматите на сите банки во земјата. Халкбанк има и широка мрежа на сопствени современи банкомати со кои се нудат низа услуги со кои се избегнува одење во некоја експозитура и чекање ред на шалтери, како депонирање готовина на својата трансакциска сметка или, пак, плаќање долг на кредитната картичка.
Примателите на плата добиваат можноста и за дозволено пречекорување на трансакциската сметка во висина до три месечни плати. Дозволениот минус е најлесно решение за надминување на моментален или периодичен недостиг на пари кој можете да го искористите кога ви се потребни средства за купување, но и за подмирување ненадејни или итни трошоци.
Кога станува збор за картичките, со станување клиент со плата во Халкбанк, секој може да избере да добие и кредитна картичка од светските брендови Visa и MasterCard. Со нив, не само што секогаш имате дополнителен извор на средства, туку ќе можете и да пазарувате на рати без камата во мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор за рати без камата и да добивате бонус поени за трансакции на одредени продажни места и во одредени периоди. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, со собирање бонус поени се остваруваат средства кои потоа може да се искористат на било кое продажно место каде постои ПОС терминал на Халкбанк.
Халкбанк, како лидер во воведувањето нови технологии, има современо, брзо и сигурно електронско и мобилно банкарство кое овозможува добивање нотификации за примена плата како и за секој прилив и одлив, но и извршување на останати обврски online.
Примателите на плата во Халкбанк можат и да штедат со најповолни каматни стапки со наменскиот производ Мој депозит. Каматата за овој тип на производ е фиксна и се движи до 1,30% за штедење во денари и 0,90% за штедење во евра за рок од 36 месеци. Клиентот може да одбере помеѓу исплата на камата на крај на период на орочување или месечно.
Секако не треба да се заборават и кредитните производи на банката. На пример потрошувачкиот кредит кој се добива преку брзи процедури за подигнување. Или, пак, станбениот кредит кој поради атрактивните услови е меѓу најбараните производи.
Примателите на плата во Халкбанк ја имаат и можноста да го користат и новиот производ на Халкбанк – Онлајн кредит со кој до средства во висина до 300.000 денари може да се дојде без посета на банка бидејќи целата постапка се одвива преку интернет. Дополнително во филијалите на банката или онлајн можат да се купат и полиси за неживотно осигурување (патничко осигурување, автомобилска одговорност, каско осигурување, зелен картон, осигурување на имот и останати типови) издадени од Халк Осигурување АД Скопје.
Бидејќи Халкбанк води грижа за своите клиенти и постојано воведува производи по нивна мерка, не двоумете се. Отворете трасакцијска сметка во банката, станете примател на плата преку Халкбанк и користете ги сите поволности кои таа ги нуди за вас.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје