Connect with us

Анализи

Која банка има најраспространета мрежа на експозитури и филијали?

Објавено

на

Во текот на денешниот ден ја анализираме мрежата на експозитури и филијали на вкупно 14 банки од земјава.

Периодов е актуелно делењето на Домашната платежна картичка, па одлучивме да направиме анализа која македонска банка е најраспространета во нашата држава и воедно која банка е најдостапна за клиентите, како во Скопје, така и во останатите градови.

Во моментов, најголем бројот на експозитури или филијали низ државата има Стопанска банка АД-Скопје којашто според нашите анализи има вкупно 64 филијали.

Стопанска банка АД-Скопје со своја филијала е застапена буквално во сите градови во Република Северна Македонија. Банката има филијали во Скопје, Берово, Битола, Богданци, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Злетово, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Македонска Каменица, Неготино. Ново Село, Охрид, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Росоман, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип. Речиси половина од филијалите на банката се лоцирани во Скопје, поточно 30 филијали.

На второто место според распространетост со експозитури и филијали е Комерцијална банка а.д. Скопје која вкупно брои 62 филијали и експозитури низ државата. Дури 33 експозитури на банката се лоцирани на реон на градот Скопје, што воедно ја прави Комерцијална банка најраспространета банка низ главниот град.

Трета најраспространета банка е НЛБ Банка АД Скопје со вкупно 51 експозитура низ државата. Повеќе од пола од експозитурите на банката се лоцирани во Скопје, поточно 26. Исто како и претходните две најраспространети банки и НЛБ Банка е застапена во речиси сите градови низ државата.

Следува, Халкбанк АД Скопје на четвртото место која брои вкупно 41 филијала. Исто како и водечките три банки, фокусот е ставен на главниот град, каде што се лоцирани 21 филијала. Халкбанк е застапена и во сите останати поголеми градови како: Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Штип, Кочани и Свети Николе.

На петтото место според бројот на експозитури се наоѓа УНИБанка којашто има вкупно 31 експозитура низ државата. За разлика од претходните банки, кај УНИБанка фокусот е ставен на распространетоста на банката низ државата каде што има 24 експозитури, додека во Скопје се лоцирани вкупно 7 експозитури на Банката.

БанкаВкупен број на експозитури и филијалиБрој на експозитури/филијали во СкопјеБрој на експозитуриБрој на филијали
Стопанска банка АД-Скопје6430064
Комерцијална банка АД Скопје62335111
НЛБ Банка АД Скопје5126510
Халкбанк АД Скопје4121041
УНИБанка АД Скопје317310
Охридска банка АД Скопје2811280
ТТК Банка АД Скопје287217
Шпаркасе банка Македонија259250
Централна Кооперативна Банка2511250
Стопанска банка а.д. Битола207200
Силк Роуд Банка АД Скопје156150
Еуростандард Банка АД Скопје105100
Капитал Банка АД Скопје7470
ПроКредит Банка7170

 

Следуваат Охридска банка и ТТК Банка АД Скопје кои имаат идентичен број односно по 28 експозитури. Охридска банка АД Скопје е пораспространета низ главниот град, каде што брои вкупно 11 експозитури, додека пак ТТК Банка на територијата на град Скопје има 7 експозитури.

Шпаркасе банка Македонија и Централна кооперативна банка АД Скопје бројат по 25 експозитури низ државата. ЦКБ е пораспространета во Скопје со 11 експозитури, додека пак Шпаркасе банка има повеќе експозитури низ останатите поголеми градови.

Следуваат Стопанска банка а.д. Битола со вкупно 20 експозитури. Фокусот е во главниот град каде што се лоцирани вкупно 7 експозитури, а 4 експозитури има и во матичниот град Битола. Преостанатите 9 експозитури се лоцирани во другите најголеми градови.

Силк Роуд Банка брои вкупно 15 експозитури, а 6 од нив се лоцирани во главниот град, додека Еуростандард Банка АД Скопје има 10 експозитури, од кои половина од нив се лоцирани во Скопје.

Најслабо распространети банки се ПроКредит Банка и Капитал Банка АД Скопје со само 7 експозитури низ државата.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк

Анализи

Која компанија подготвува нешто ново, единствено и достапно преку мобилен телефон?

Објавено

на

Изминатиов период на македонските портали и телевизиски канали се појавија реклами за тоа дека се подготвува нешто ново, прво и единствено на пазарот што е достапно со клик на мобилен телефон. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Вистиномер го осуди политичкиот прогон насочен кон Нина Ангеловска

Објавено

на

По објавата на гувернерката на Народна Банка, Анита Ангеловска Бежовска дека ја одзема дозволата за работа на „Еуростандард Банка АД Скопје“, актуелната опозициска партија излезе со една прес-конференција и со едно соопштение, а во соопштението има изјава која може да се оцени како недоследна. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Во која банка е најисплатливо да имате трансакциска сметка!?

Објавено

на

Во текот на денешниот ден ги анализираме провизиите и надоместоците што ги наплатуваат домашните банки за месечно одржување на трансакциска сметка за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Популарно