Connect with us

Останато

Кошмарен прв состанок – Наместо романтика ја однел да ограби банка

Објавено

на

Наместо првиот состанок да помине во романтика, жена од Масачусетс доживеала вистински кошмар кога момчето со кое требало да се запознаат ја примамило со нејзиното возило да застанат пред банка.

33 годишниот Кристофер Кастиљо извршил вооружен грабеж на банка во Масачусетс, а по потерата со полицијата пружал отпор.

Тој е осуден на петгодишна затворска казна за грабежот во банката и грубостите кон полициските службеници.

Девојката не се соочила со никакви обвиненија за грабежот и потерата бидејќи не по нејзина вина била искористена за самото возило.

Кастиљо со пиштол во раката и украдени 1000 долари враќајќи се кон возилото и наредил да продолжи да вози, но потоа биле пресретнати од полициска патрола.

Ограбувачот бил приведен од полицијата, а жената застанала и излегла од возилото спасувајќи се од овој кошмарен прв состанок договорен преку апликација за запознавање.

Останато

Најпознатото јаболко „Apple” стана највредната компанија во светот

Објавено

на

Саудискиот државен нафтен гигант „Saudi Aramko” повеќе не е највредната компанија во светот, бидејќи мораше таа титула да ја препушти на американски „Apple”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бруто домашниот производ на ЕУ се намали за рекордни 11,9 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Во Европската унија и Еврозоната во вториот квартал на 2020 година, економските активности се намалија рекордно на квартална и на годишна основа уште од 1995 година, односно од почетокот на објавувањето на податоците за БДП, покажаа првите проценки на Евростат во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР ја укина финансиската помош за компании од листата на УЈП за неисплатени плати од државна помош

Објавено

на

Фондот за иновации и технолошки развој ја информираше јавноста дека ја запира реализацијата на проектите од компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош. (more…)

Продолжи со читање

Популарно