Connect with us

Домашни банки

Костовски: Народната банка изврши холокауст во банкарскиот сектор врз Еуростандард банка

Објавено

на

Најголемиот акционер во Еуростандард Банка АД Скопје, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото за ликвидација на Еуростандард банка се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите навреме.

„Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народната банка кои биле известени да си ги повлечат парите, бидејќи ќе се случи тоа што се случи.” – револтирано и разочарано изјави Трифун Костовски.

„Не сакам да верувам во завери, не сум човек кој тоа би го прифатил како стил на живот, меѓутоа објективно, јас Трифун Костовски со своето семејство дојдовме и инвестиравме се во Македонија, но за жал денеска буквално се изгубивме. Ако мене ме прашувате, ме боли за мене и за моето семејство, но уште повеќе ме боли за моите комитенти кои ќе настрадаат заедно со мене.

Ако постоел холокауст во Втората светска војна, кој на сите вас ви е познат, јас ова лично го чувствувам како холокауст во банкарскиот систем направен од Народна банка врз Еуростандард банка АД Скопје.” – додаде Костовски.

Тој додаде дека ниту тој, ниту неговото семејство не бегаат од одговорноста и ќе одговараат пред надлежните според законот, меѓутоа потенцираше дека длабоко жали за своите комитенти, како правните така и физичките лица кои, иако не се виновни за ништо, ќе настрадаат за минорни проблеми, за кои Трифун Костовски вели дека биле на прав пат да ги решат за многу краток период, но не им било дозволено од Народната банка.

Домашни банки

НЛБ Банка овозможува тргување со акции без провизија на денешниот „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берза

Објавено

на

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата денес одржува т.н. „Инвеститорски ден“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал Банка: Одложување на обврски по кредити за физички лица

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници на кредитни продукти – физички лица дека периодот за пролонгација на обврските по кредитите завршува заклучно 30.09.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ги затвора шалтерот и банкоматот лоцирани во ТЦ Палма мол Тетово

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека услугите на шалтерот и банкоматот на Банката лоцирани во ТЦ Палма мол, Тетово на ул. „Скопски пат” бр. 8 ќе може да ги користат заклучно со 18.9.2020 година (петок). (more…)

Продолжи со читање

Популарно