Connect with us

Останато

Коста Митровски е нов претседател на новоформираната Македонската банкарска асоцијација

Објавено

на

На 20 април 2018 година во Скопје се одржа Основачко собрание на Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење, Македонската банкарска асоцијација.

Здружението на банкарството, делувајќи како стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, во досегашниот период оствари значителни резултати во унапредувањето на најдобрите банкарски стандарди во Република Македонија, тргнувајќи од интересите на сите негови членки како и интересите на финансискиот систем и економијата на Република Македонија.

Како придружен член во Европската Банкарска Федерација со перспективи за полноправно членство во рамките на процесот на евроинтеграции на Република Македонија, Здружение на банкарство имаше неминовна потреба од трансформација во самостоен правен субјект по примерот и искуствата на сите останати земји, како од ЕУ, така и од нашиот регион. Здружението на банкарството го продолжува своето работење како самостоен правен субјект, Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење Македонска банкарска асоцијација.

Основачи на Македонската банкарска асоцијација се правни лица – 15 банки и 2 штедилници основани во Република Македонија, кои работат согласно одредбите од Законот за банките и поединечните акти донесени од гувернерот на Народната банка на Република Македонија.

За Претседател на Македонската банкарска асоцијација во наредниот 4 годишен период едногласно беше избран г. Коста Митровски, Главен извршен директор и Претседател на Управен одбор на Универзална Инвестициона банка АД Скопје.

За заменик-Претседател беше избран г. Тони Стојановски, Генерален директор за управување со ризици и член на Управен одбор на Стопанска Банка АД Скопје.

Криптовалути

GDPR и Блокчејн: Дали новата регулатива за заштита на податоци на ЕУ е закана или поттик?

Објавено

на

Регулативата за заштита на општите податоци (GDPR), широка и строга правна рамка на Европската унија (ЕУ) за приватноста на личните податоци, стапи на сила на 25 мај. Подготвени или не, оваа рамка драстично ќе го трансформира бизнисот во било кој дигитален потфат. Меѓународната асоцијација на професионалци за приватност (IAPP) предвидува дека како резултат на тоа ќе бидат создадени најмалку 75.000 работни места за приватност и дека глобалните 500 компании од Fortune ќе потрошат близу 8 милијарди долари за да осигураат дека се во согласност со GDPR. Но, што значи ова за блокчејн? (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

3 причини зошто блокчејн технологијата се користи за заштита на податоците

Објавено

на

Лесно е да се изгубат од вид потенцијалните бенефиции и слабости на секоја нова технологија кога возбудата ќе достигне ниво на треска на начин што го има со блокчејн. Според истражувањето на пазарот на трансакции, глобалниот пазар на блокчејн технологии ќе чини 20 милијарди долари до крајот на 2024 година. Има огромен потенцијал да ги намали трошоците, особено за финансиските институции, поради што Гартнер сугерира дека додадената вредност на блокчејн ќе се зголеми на 176 милијарди долари до 2025 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Cashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

Објавено

на

Меѓународната куповна заедница – Cashback World и ракометниот клуб „Вардар“ продолжуваат со градењето на успешната приказна со повеќекратни придобивки за сите. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange