Business Man
Коста Костовски поднесе оставка и повеќе нема да биде дел од Одборот на директори на Македонска берза и на Централниот депозитар за хартии од вредност


Коста Костовски поднесе оставка и повеќе нема да биде дел од Одборот на директори на Македонска берза и на Централниот депозитар за хартии од вредност.
Претходно, Коста Костовски ја извршуваше функцијата и претседател на Одборот на директори на Македонска берза, но од јуни годинава функцијата ја презема Тони Стојановски, кој е дел од Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, а воедно е и генерален директор за корпоративно банкарство.
По неодамнешните случувања поврзани со Еуростандард банка АД Скопје, Коста Костовски одлучи да поднесе оставка и повеќе да не биде неизвршен член на Одборот на директори на Македонска берза, ниту член на Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност.
„Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност, известуваме дека е поднесена оставка од страна на г-динот Коста Костовски од функцијата неизвршен член на Одборот на директори на Берзата и е направен упис на оваа промена во тековната состојба на Берзата, којашто се води во Централниот регистар на РСМ.”, се вели во соопштението на Македонска берза.
Известување за оставаката на Костовски има и од Централниот депозитар за хартии од вредност.
„Согласно член 166-б став 1 алинеја 4 и став 2 од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека е поднесена оставка на лицето Коста Костовски на местото неизвршен член на Одборот на директори на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Оставката до Депозитарот е поднесена на ден 20.08.2020 година и врз основа на истата извршен е соодветен упис во Трговскиот регистар.”, се вели во соопштението на Централниот депозитар за хартии од вредност.
Business Man
Руски банкар ја осуди „безумната“ војна во Украина


Рускиот милијардер и банкар Олег Тинков, основачот на интернет-банката „Tinkoff Bank“, на Инстаграм ја осуди оваа „безумна“ руска војна во Украина. (more…)
Business Man
НОВА ГОЛЕМА КРИЗА НА ПОВИДОК!? – Бил Гејтс ги продава акциите, знае ли нешто што другите не го знаат?


Бил Гејтс предизвика внимание со некои од неговите последни потези на берзите – тој продава голем дел од своите акции и го менува фокусот на инвестициите, што дел од експертите го гледаат како сигнал за нова можна криза на финансиските пазари. (more…)
Business Man
Се стопи богатството на руските милијардери по инвазијата на Русија врз Украина


Најбогатите Руси изгубиле околу 39 милијарди долари уште на првиот ден од руската инвазија врз Украина, пишува „Bloomberg”. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје