Connect with us

Криптовалути

Корона кризата по цената на златото ја зголемува вредноста и на криптовалутите!?

Објавено

на

Вредноста на најпопуларната криптовалута, биткоин, достигна вредност од 12.000 американски долари за прв пат од август 2019 година, според податоците од криптовалутната берза „Coindesk“.

Најпознатата криптовалута достигна вредност од 12.000 долари, највисока вредност во последната година. Биткоинот својата максимална вредност ја достигна во декември 2017 година кога достигна пазарна вредност од 19,783 долари.

Според некои финансиски аналитичари, зголемувањето на интересот за биткоинот е поврзано со финансиската криза што го зафати целиот свет, како последица на пандемијата на коронавирус.

Како по правило, биткоинот, како и златото, ја зголемува вредноста во време на кризи, затоа што тогаш луѓето бараат заштита од падот на вредноста на националните валути.

Се очекува криптовалутите да продолжат да ја зголемуваат својата вредност.

Само за потсетување, цената на златото веќе достигна историски рекордна вредност од речиси 2.000 долари за унца.

Криптовалути

Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Ќе се формира нов регулатор кој ќе биде одговорен за регулирање на индустријата за криптовалути

Објавено

на

Европската унија (ЕУ) планира да создаде шеста „организација против перење пари“ која ќе биде конкретно одговорна за регулирање на индустријата за криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Криптовалутите повторно во пораст

Објавено

на

Цената на биткоинот повторно се намали откако во изминатите 24 часа го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека инфлацијата полека се намалува. (more…)

Продолжи со читање

Популарно