Останато
Корона-кризата не е шега – и „Google” во проблеми!

Дека пандемијата со коронавирусот е сериозна, а кризата што ни претстои ќе биде една од најтешките за глобалната економија, а која веќе се чувствува и кај најголемите светски корпорации.
Најголемите светски компании веќе почнаа драстично да ги намалуваат буџетите за тековната година, да ги намалуваат очекуваните резултати и приходи, па дури и да затвораат подружници и филијали и да го кратат бројот на вработени.
Во редот на најголемите светски гиганти секако спаѓа и технолошкиот гигант „Google” кој планира да ги намали своите маркетинг буџети за дури 50 проценти, според внатрешните документи, до кои дошла телевизиската мрежа „CNBC”.
На директорите им било посочено да замрзнат дел од работните места за вработените со полно работно време и на тие со договор. Ова кратење е драстичен чекор од она што првично го најави пред една недела извршниот директор, Сундар Пичаи.
„Намалување на буџетите и замрзнувањето на работните места се случува насекаде во светот на маркетингот, па ниту ние не сме исклучок“, напиша еден од директорите, при што додаде: „Од нас, заедно со остатокот од маркетинг секторот е побарано да го скратиме буџетот за 50 проценти во втората половина на годината“.
Портпаролот на „Google” потврди дека буџетите во некои сектори се намалени за дури 50 проценти, но додаде дека нема намалување во другите сектори и дека ова сè уште е во процес на оценување.
Останато
Огромен интерес од регионот и Македонија за конференцијата за е-трговија „Redefining E-commerce: A(I) New Era”

Шестата регионална конференција за е-трговија, оваа година под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era” со сигурност станува еден од најпрепознатливите регионални бизнис настани. Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, неодамна најави конференција која ќе ги помести границите во секторот на е-трговијата и ќе ја внесе домашната е-трговија во новата дигитална ера во која полека, но сигурно, вештачката интелигенција станува клучен дел. (more…)
Останато
Снежана Станковиќ е новиот член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

По издаденото одобрение на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и упис во Централниот Регистар на РСМ, Снежана Станковиќ и официјално се приклучи на тимот на Сава пензиско друштво АД Скопје, како нов член на Управниот одбор на Друштвото. (more…)
Останато
Пантелеон ГС ќе му помогне на РК Вардар да се врати на победничките патишта!

Македонската компанија Пантелеон ГС застана зад ракометниот клуб Вардар 1961 како нов спонзор на најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд. Компанијата реши да ја препознае и поддржи напорната работа која РК Вардар ја вложува во враќање на препознатливото име меѓу трофеите и успесите, промовирајќи се како нов спонзор и партнер на клубот. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје