Connect with us

Странски банки

Корона-кризата започнува да го забавува работењето на словенечките банки

Објавено

на

Тековната корона-криза и воведените мерки за ограничување на ширењето на пандемијата негативно влијаат врз работата на словенечките банки, при што растот на кредитите за домаќинствата се преполови, а растот на корпоративните кредити, исто така, постепено забавува во периодот од јануари до мај, соопшти Централната банка на Словенија.

„Депозитите на домаќинствата продолжуваат да се зголемуваат, пред се поради намалената потрошувачка, а делумно како резултат на владините мерки за да се намали влијанието напандемијата“, се вели во соопштението на Централната банка на Словенија.

Несоодветната изложеност на банкарскиот сектор (НПЕ) сè уште не е во пораст благодарение на владините мерки за стимулирање, но сегашната економска криза веројатно ќе доведе до пораст на нефункционалните кредити во иднина.

Комбинираната добивка на домашните банки беше преполовена на 152 милиони евра во периодот од јануари до мај, од 303 милиони евра колку што изнесуваше претходната година, што првенствено беше резултат на намалувањето на некаматните приходи и новите загуби и резерви, додека приходите од камати, исто така, се во пад.

Ефектот врз профитабилноста на банките се очекува да биде уште поголем во наредните квартали, истакна Централната банка на Словенија, додавајќи дека се очекува економијата да се стабилизира во наредните две години.

Странски банки

Странците во црногорските банки чуваат 747 милиони евра депозити

Објавено

на

На крајот на јуни годинава, нерезиденти и странци имале 747 милиони евра депозити во банките во Црна Гора. Во исто време, вкупните депозити на граѓаните и фирмите изнесувале 33 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” оствари нето-добивка од 2,56 милијарди евра во првата половина на 2020 година

Објавено

на

Управниот одбор на меѓународната банкарска групација „Intesa Sanpaolo”, во чии рамки делува „Banca Intesa”, го одобри консолидираниот полугодишен извештај на 30 јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Заборавете на доларот, купувајте злато! Цената на овој скапоцен метал допрва ќе расте

Објавено

на

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато што е можно поактивно. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, „Goldman Sachs“, пренесува „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно