Connect with us

Странски банки

КОРОНАВИРУСОТ ПРАВИ ИСТОРИЈА: Норвешка за прв пат ќе продава средства од државниот фонд за да го покрие буџетскиот дефицит

Објавено

на

Норвешка за прв пат во историјата ќе продава средства од државниот фонд, кој се смета за најголем во светот, пренесува „Bloomberg“. Вкупната вредност на фондот надминува една милијарда долари.

Буџетскиот дефицит оваа година ќе достигне 20 милијарди долари, доколку не се земе предвид олеснувањето за нафтените производители (повеќе од 5,8 милијарди долари). Продажба на средства во случај на дефицит е предвидена во правилата и статутот на фондот.

Суверениот фонд за богатство како што е познат норвешкиот државен фонд е основан во 1990 година и вклучува нафтен суперпрофит. Во моментов, фондот поседува 1,5 проценти од акциите на сите регистрирани компании во светот, а просечниот приход на фондот е 6,1% годишно.

Врз норвешката економија крајно негативно влијаеше пандемијата на коронавирусот, како и од падот на цените на нафтата на светските пазари, која е главен извозен производ на земјата. Норвешката централна банка, која управува со државниот фонд, на 7-ми мај ја намали основната каматна стапка на нула.

За потсетување, во април цената на ВТИ нафтата падна на негативни вредности.

На почетокот на март, цените на нафтата потонаа поради значителниот пад на побарувачката ширум светот, како резултат на пандемијата на коронавирусот, како и по неуспехот на договорот за ОПЕК Плус, бидејќи неговите учесници не можеа да се договорат за продолжување на договорот за намалување на производството. Како резултат на тоа, цените на нафтата и нафтените деривати драстично се намалија за повеќе од половина од вредноста која ја достигнаа на почетокто на годината и ги срушија рекордите од пред 18 години за историски најниско ниво.

Котациите беа обновени пред новата средба на земјите од ОПЕК плус. Земјите-членки на оваа организација се согласија преку видео конференција на 12-ти април да го намалат производството за 9,7 милиони барели на ден. Новиот договор стапи на сила на 1 мај.

Сепак, според аналитичарите во Меѓународната агенција за енергетика, договорот ОПЕК Плус не може да го компензира падот на светската побарувачка, но може да доведе до почеток на намалувањето на залихите во втората половина од годината.

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Избрани финалистите на НЛБ Групацијата во проектот #РамкаЗаПомош

Објавено

на

Ако можеме да судиме според ентузијазмот, идеите и иновативноста на компаниите кои годинава учествуваа во проектот #РамказаПомош на НЛБ Групацијата, нема од што да се плашиме кога станува збор за одржливата иднина. Во проектот учествуваа дури 300 компании од шест пазари, со кои главната банкарска групација во Југоисточна Европа бараше одржливи решенија за предизвиците на иднината. Жирито избра 10 финалисти од секој пазар, кои меѓу другото се натпреваруваат и за спонзорски финансиски средства со кои ќе можат да ги реализираат своите идеи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарски банкарски гигант ќе и плати на Франција 238 милиони евра за да избегне тужба

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант “Credit Suisse” се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама, соопшти надлежниот суд во Париз. (more…)

Продолжи со читање

Популарно