Connect with us

Странски банки

Коронавирусот го преполови профитот на банките

Објавено

на

Иако банките досега успешно се справуваа со корона кризата, истражувањето на Европската централна банка, спроведено меѓу 86 банки во еврозоната, покажува дека многу од нив би можеле да се најдат во потешкотии затоа што нема да можат да ги исполнат пропишаните услови за капитал, пишува денеска „Јутарњи лист“.

Во полошо сценарио, доколку БДП на еврозоната падне за 12,6 проценти, стапката на вкупниот капитал на банките ќе се намали за 5,7 проценти, што значи дека некои банки ќе мора да бараат дополнителен капитал за да ги исполнат регулаторните услови.

„Може да се очекува дека некои помали хрватски банки кои се помалку капитализирани би можеле да се најдат во слична ситуација, но повеќето не би требало да имаат вакви проблеми затоа што стапката на вкупниот капитал на банкарскиот систем е околу 20 проценти, што е над минимално неопходните осум проценти“, посочува весникот.

Резултатите од работењето на банките, објавени во последните неколку недели, покажуваат дека кризата со коронавирусот веќе остави значаен белег на нивните деловни резултати – во првата половина од годината, нивниот профит во голема мерка е преполовен.

Послабите резултати на банките главно се должат на намалените приходи и зголемените резерви за загуби што може да настанат како резултат на неможноста за враќање на кредитите во околности на пандемијата.

Странски банки

Банките и регулаторите ја губат битката против перењето пари

Објавено

на

Податоците протекоа од мрежата за спроведување на финансиски злосторства на Министерството за финансии на САД, кои дадоа слика на банки презаситени од огромниот обем на потенцијални сомнителни трансфери, без ниту ресурси ниту волја темелно да се справат со проблемот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Американскиот банкарски гигант JPMorgan Chase ќе плати казна за берзански манипулации

Објавено

на

Три американски регулатори во текот на вчерашниот ден истовремено објавија за постигнат договор со „JPMorgan Chase” за запирање на криминалната истрага во однос на оваа банка во замена за исплата на казна во вредност од 920 милиони долари. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно