Connect with us

Останато

Коронавирусот го забрзува намалувањето на употребата на готовина

Објавено

на

Коронавирусот ќе го забрза падот на употребата на готовина, бидејќи луѓето долгорочно ќе се ориентираат на дигитални плаќања, велат експертите.

Вирусот ќе доведе до значително намалување на употребата на готовина.

Рестриктивните мерки доведоа до пад на повлекувањето на готовина од банкомати за високи 60 проценти, иако луѓето подигнуваат повисоки суми кога подигнуваат готовина од банкомати, пренесува „BBC“.

Онлајн плаќањата со платежни картички за купување преку Интернет, особено за намирници, значително пораснаа.

Експертите велат дека долгорочната иднина на готовината може да биде доведена во опасност, пред Велика Британија да биде подготвена да се справи со промената.

Тоа би можело да биде проблем за околу 20 проценти од населението, кое сеуште се потпира на готовината како најсигурен начин за плаќање и извршување на сите трансакции.

Бидејќи многу продавници, барови, кафулиња и ресторани се затворени, има се помала побарувачка за редовно повлекување на готови пари. Луѓето излегуваат помалку и потенцијално заштедуваат повеќе пари.

Останато

Богатството на Џеф Безос расте се повеќе и повеќе, надминувајќи 180 милијарди долари

Објавено

на

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари во услови на зголемување на цените на акциите на неговата компанија „Amazon“, соопшти „Forbes“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ОДНОВО СЕ ПАЛИ АЛАРМОТ: Стопанската комора на Србија повторно го активираше Ковид-19 инфо сервисот

Објавено

на

Стопанската комора на Србија ја реактивираше специјализираниот информативен сервис Ковид-19, преку кој бизнисмените можат да добијат информации за сите клучни деловни проблеми. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извештај на ОЕЦД за Западен Балкан: Република Северна Македонија со најдобра бизнис-клима во регионот

Објавено

на

Република Северна Македонија има најповолна бизнис-клима во регионот, а исто така има и помалку фискални ризици во однос на другите земји. Ова се главните поенти за нашата земја во извештајот на ОЕЦД за земјите од Западен Балкан („Government at a glance: Western Balkans 2020“). Во извештајот се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување поволна бизнис-клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите на ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД коишто се членки на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно