Колумни
Користење на технологијата за напредок


Технологијата оди со огромни чекори напред. Постојано знаеме да кажеме или прочитаме дека истата ќе ни ги земе работните места. Да, вистина е технологијата можеби ќе замени голем дел од нашата физичкa работа, но тоа во иднина ќе ни овозможи да се фокусираме на работи кои што не можат да се автоматизираат. Тоа е начинот на размислување и визијата која што мора да не води напред. Ако немаме визија и ако не започнеме да вложуваме во себе промените ќе не водат нас, наместо ние да ги водиме нив. Затоа влогот во себе е влог во иднината. Доколку сакаме спремни да ја дочекаме иднината мораме да се посветиме на учење, а не само на генерално подобрување во одредени области.
Немојте да имате погрешни верувања кои ќе ве држат во постојано ропство, во затворен круг, во нешто што матрицата ве научила.
Формалното образование кое сите го посетуваме не подготвува за животот кој што беше во минатото, за нормален живот на секој од нас. Неформалното образование не подготвува за животот кој што го посакуваме.
Луѓето се плашат да преземат нешто и да создадат поголема иднина за себе затоа што се премногу загрижени што мислат другите за нив. Наместо да научат како навистина да направат промена во нивните животи, тие работат напорно – како што прават сите.
Разликата е во тоа што ако само напорната работа навистина создаваше успех и богатство, секој вреден човек со работа од 08 до 16 или 09 до 17 ќе беше милионер досега.
Постои специфична причина зошто во просек само 1 човек од околу 4 милиони се милијардери.
Имено постојат 99,99% шанси дека нема да бидете следниот Џеф Безос и дека ќе го изградите Амазон. Меѓутоа исти биле шансите и за самиот Џеф Безос.
Клучот за успехот не е напорна работа.
Клучот за успехот е да можете да работите паметно.
Вложувањето во себе кое што ќе ви донесе напредок во иднина и следење на чекор со технологијата за нејзино правилно користење е клучот за успехот.
Сопствениот напредок на секој од нас ќе придонесе и за напредок на компаниите затоа што и тие ќе мора да бидат во чекор со вработените кои што секогаш вложуваат во себе и се повеќе ја разбираат и применуваат новата технологија.
Доколку компаниите не се надоградуваат и не вложуваат во постојано унапредување на своите процеси во значителна мера ќе заостанат со брзината на напредок на светот и технологијата, со флуктуација на кадар, а со тоа ќе се зголеми и ризикот за правното лице. Ризикот во најголем дел може да биде репутациски и финансиски. Овие два ризици меѓусебно се надополнуваат.
Технологијата постојано се движи напред, а со тоа и постојано се унапредуваат начините на криминал кои што се во тек со денешното време. Користењето на модерна технологија за спречување на новите начини на криминал во голема мера ќе придонесе за намалување на споменатите типови на ризици. Секако овие ризици со вклучувањето на Fintech технологијата се само мал дел од она што финансиските институции мораат да го бараат и имаат за да воведат целосна безбедност.
За пример можеме да го земеме користењето на криптовалутите. Иако нивното користење во голем дел од земјите сеуште не е регулирано, истото не значи дека е недозволено. Колку повеќе ја прифатиме реалноста и се насочиме кон прифаќање и контролирање на ризикот кој што го носат, толку подобро компаниите, а особено банките ќе се справат со ризиците кои што истите ги носат. Денешната технологија овозможува пристап до информации, алгоритми и индикатори кои што прикажуваат несекојдневни случувања. Секако во обзир мораме да ја земеме и вештачката интелегенција која што иако сеуште ни изгледа како далечна, сепак во текот на овие години се посилно чука на портите како технологија која што ќе игра голема улога во безбедноста на финансискиот систем.
За да го живеете сонот прво треба да почнете да сонувате. Со сонувањето започнувате да превземате чекори кои што придонесуваат за остварување на сонот. Првиот чекор започнува со учење и образование како да ги правите чекорите за да се искачите највисоко на скалилото.
Христијан Блажовски – специјалист за спречување перење пари
Колумни
Бесими: Намалувањето на сивата економија е суштинска компонента на даночните реформи и економскиот раст


Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа. Консултациите инаку, се започнати од 2020 година, напоредно со анализите за перформансите на даночниот систем и неговото унапредување. Концептот на даночната реформа во суштина се однесува на зголемувањето на наплатената маса на даноците, главно преку зголемувањето на опфатот, односно преиспитувањето на преференцијалниот третман на одредени категории, но и воведување на повеќе обврзници во системот, односно намалување на неформалната економија. (more…)
Колумни
Што да очекуваме во 2022 година од аспект на спречување перење пари и финансирање на тероризам?


Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни. (more…)
Колумни
Дали комбинирањето на одговорните лица за спречување перење пари и анти – измама ќе даде подобри резултати?


Кога станува збор за борбата против измамите и перењето пари, врската меѓу двете е критична бидејќи измамниците работат на изнаоѓање начин да ги легитимизираат нивните недозволени средства. Измамата е кривично дело и е главно дело (овие кривични дела често се основниот извор на перење пари). Приходите од криминални активности поврзани со измама треба да се “перат”, така што “перењето” пари често следи веднаш по појавата на измама. Обично, по успешна активност на перење пари, измамниците добиваат непосреден пристап до средствата и ги прикриваат приходите, правејќи ги да изгледаат автентични. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје