Connect with us

Странски банки

Користете бесконтактни плаќања за да не фатите коронавирус од загадени банкноти

Објавено

на

Купувачите би требало да плаќаат користејќи бесконтактни картички за да избегнат евентуална зараза со коронавирус преку загадените банкноти, велат здравствени експерти.

Портпарол на Светската здравствена организација изјави дека бесконтактните картички можат да го „намалат ризикот од пренесување на вирусот“.

Банкнотите менуваат стотици или дури илјадници раце за време на циркулацијата и можат да соберат секаков вид нечистотија и вируси, кои што се пренесувани наоколу.

Експертите велат дека коронавирусот би можел да се задржи на банкнотите на ист начин како што е во состојба да живее на тврди површини како кваки на вратата, рачки за тоалети и слично.

Тоа значи дека, користењето бесконтактни картички – што значи дека лицето треба само да ја допре единствено сопствената картичка, која никогаш не ја раководи никој друг – може да ги заштити луѓето од ширење на зарази.

Советот доаѓа откако работодавците, наводно, започнале да забрануваат работа во групи, кога луѓето делат исти бироа, здравствените службеници започнале да ги убедуваат луѓето да не се ракуваат, додека во Франција, министрите им соопштиле на луѓето да престанат да прават „ла бисе“, традиционалното поздравување со бакнеж во образот.

Кога е можно, препорачливо е да се користат бесконтактни плаќања за да се намали ризикот од пренесување. Знаеме дека парите често ги менуваат корисниците и можат да соберат секакви бактерии и вируси. Ги советуваме луѓето да ги мијат рацете после ракување со банкноти и да избегнуваат допирање на лицето” – изјави портпаролот на СЗО за Телеграф.

Странски банки

Банкарскиот сектор се стабилизира, берзите растат втор ден по ред

Објавено

на

На европските берзи утринава цените на акциите пораснаа втор ден по ред, најмногу во банкарскиот сектор, кој закрепнува по серијата мерки на централните банки за стабилизирање на секторот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени со цел да ја намали инфлцијата

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) зголеми три клучни каматни стапки, за 0,5 проценти со цел да го намали нивото на инфлацција. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Роберт Кијосаки – човекот кој ја предвиде финансиската криза во 2008 година и колапсот на Леман Брадерс, предвидува слично сценарио и за уште еден банкарски гигант!?

Објавено

на

Колапсот на Silicon Valley Bank (SVB), која прекина со работа во петокот, откако не успеа да собере нов дополнителен капитал, па продаде државни обврзници со големи загуби за да ги исплати клиентите што ги подигнаа своите парични средства, придонесе целиот финансиски сектор да биде нестабилен и стравувањата се дека кризата може да се прошири и во други банки и земји. (more…)

Продолжи со читање

Популарно