Лични финансии
Корисни совети за инвестирање за почетници од Ворен Бафет


На сите ни е многу добро познато името Ворен Бафет, најголемиот бизнисмен на денешницата и сопственик на една од најголемите холдинг компании Berkshire Hathaway. Иако е веќе во поодминати години, тој сеуште е меѓу најактивните бизнисмени. Неодамна, бил запрашан кој е надобриот начин за инвестирање, а тој одговорил:
„Кога човек со пари ќе се сретне со човек со искуство, оној со искуството завршува со парите и оној со парите си заминува со искуство.“
Тој вели дека искуството е клучната алатка за да се биде успешен инвеститор. Меѓутоа, што се случува со новите претприемачи, оние кои немаат искуство? За среќа, овие бизнисмени може да научат од инвеститорите кои имаат искуство, инвеститори како Ворен Бафет, лично. Ворен изјавил докажани совети за инвестирање и тоа се следниве:
1. Дивезификацијата не секогаш е добра идеја
Многумина од добите инвеститори се загрижени за важноста на диверзификацијата. Но Ворен Бафет не се согласува со оваа идеја. Бафет вели дека диверзификацијата е за луѓе кои немаат знаење за инвестирањето. Инвеститорот кој е искусен треба да избере акции на долг рок и да има верба во неговите/нејзините инвестиции. Бафет чека за шанса за да купи високо котирани акции и кога таа шанса ќе му се појави, тој целосно ја искористува.
2. Најпрво, инвестирајте во себеси
„Најдобрата инвестиција која може да ја направите е во вашите лични способности. Било што што ќе направите што може да ги развие или доразвие вашите вештини или бизнис, многу е веројатно дека ќе биде попродуктивно.“ Многу од луѓето нема да го искористат максимумот од нивните пари на берзата, туку од нивните вештини. Ставете се себеси на прво место.
3. Верувајте дека може да бидете успешен инвеститор
Бафет вели дека најтешката одлука е да им верувате на вашите одлуки за инвестирање. Вие секогаш мислите дека другите се во право, а вие не. Наместо тоа, вие треба да учите и да верувате во себеси. За да бидете успешни, мора да преминете преку стравот и да не обрнувате внимание на тоа што другите ви го зборуваат. Акомулирајте знаење и правете инвестиции самите за да се одвоите од толпата и да бидете победник.
4. Правете инвестиции единствено кои ги разбирате
Ворен Бафет вели дека голем број на луѓе размислуваат кратко пред инвестирање во било каква идеја и дека понекогаш, тие размислуваат премногу и предолго. Тој вели дека пред тој да инвестира во одредени акции или компанија, тој мора прво да разбере како компанијата остварува профит и главното влијание во индустријата во која работи компанијата во не повеќе од 10 минути. Ако тој не е во можност да ги разбере овие фактори во 10 минути, тој продолжува со евалуацијата на некоја наредна компанија или акции.
5. Купувањето на акции е купување на дел од бизнисот
Замислете дека купувате дел од продавница која се наоѓа веднаш до вашата куќа. Вие автоматски, ќе почнете да размислувате за конкуренцијата, добавувачите, цените, локација како и конкурентската поставеност на пазарот и многу други фактори. Слично на ова, кога купувате акции, вие мора да размислете за сите овие нешта, исто како и луѓето кои го водат бизнисот. Купувањето на акции не значи само купување на хартија. Со купувањето на акции од една компанија вие поседувате дел од сопственоста на еден бизнис.
Лични финансии
Три работи кои морате да ги знаете пред да земете кредит


Планирате да земете кредит? Овие се неколку основни работи кои мора да ги знаете пред да влезете во банка. (more…)
Лични финансии
Навики за подобри лични финансии


За почеток, почнете да трошите помалку отколку што заработувате. Тоа е златното правило за подобрување на финансиската состојба. (more…)
Лични финансии
Винко совети за штедење (прв дел) – Како да ги научите Вашите деца да штедат?


Родителите во Македонија се свесни, се повеќе се интересираат и дебатираат за детското штедење со цел да им овоможат на своите деца поквалитетно образование, самостоен и подобар живот и финансиска стабилност. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!