Connect with us

Домашни банки

Концептот „План за стан“ на Охридска банка Сосиете Женерал со престижно признание за општествена одговорност

Објавено

на

Препознавајќи ги заложбите за понуда на уникатни производи во согласност со потребите и очекувањата на македонските граѓани, Бизнис-конфедерацијата на Македонија ѝ ја додели „Меѓународната награда за општествена одговорност“ на Охридска банка Сосиете Женерал за концептот „План за стан“, категоризирајќи го како проект од општествен интерес кој има придонес кон пазарот и клиентите.

Концептот „План за стан“, со вклучено кредитно животно осигурување, Охридска банка Сосиете Женерал го претстави на почетокот од минатата година, со цел да им обезбеди на клиентите уникатен производ на станбен кредит кој се одликува со најдолг временски период на гарантирана каматна стапка, транспарентност и безгрижност, бидејќи клиентите со сигурност го знаат износот на својата месечна рата.

 

‒ Ни претставува чест и задоволство што, покрај признанијата од страна на клиентите, и институциите во државата ги препознаваат заложбите на нашата банка во развојот на производи и услуги кои во целост ги задоволуваат барањата и потребите дури и на најспецифичните категории клиенти. Со концептот „План за стан“ со кредитно животно осигурување, клиентите точно го знаат износот на месечната рата, без ниту едно изненадување во иднина или скриен трошок. Уверени сме дека создадовме портфолио кое дури и на најколебливите клиенти ќе им ја олесни одлуката за долгорочно планирање и обезбедување сопствен дом, со оглед на тоа што сигурноста, стабилноста и транспарентноста се клучни при купувањето на сопствен дом. Уште една потврда за нашата посветеност кон клиентите е дополнителното кредитното животно осигурување со кое, во случај на немил настан, клиентите добиваат дополнителна сигурност и финансиска поткрепа на семејството, изјави Бранка Павловиќ, Претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

 

Уште една потврда за сигурноста што ја обезбедуваат производите на Охридска банка Сосиете Женерал се опциите за вклучено кредитно животно осигурување. Имено, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите, кои ќе аплицираат за станбениот кредит „План за стан 2030“, да изберат меѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44 % годишно од износот на кредитот или целосниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85 % годишно од износот на кредитот.

 

При доделувањето на наградата, Извршниот претседател на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, истакна: 

‒ Охридска банка Сосиете Женерал поседува стратешки приод кон општествената одговорност кој со години наназад промовира и укажува на успешни општествено одговорни практики во нашата земја, за односот кон вработените и општеството, односите на пазарот, кои можат да се користат како позитивен пример и мотивација за останатите банки. Перманентно развивајќи практики на општествено одговорно однесување во своето работење, Охридска банка Сосиете Женерал продолжува да ги инкорпорира принципите во својата деловна стратегија, со цел на етички и на транспарентен начин да ја афирмира својата определба за одржлив развој, со едновремено остварување на интересите на своите чинители. Охридска банка Сосиете Женерал ги следи интернационалните стандарди, а со тоа докажува дека корпоративната култура и човечкиот капитал се најважен дел од компанијата. Да се биде банка со бројни признанија претставува двигател, но и предизвик за Банката да продолжи да ги унапредува општествено одговорните практики.

 

Ова е втора награда што Охридска банка Сосиете Женерал ја добива за своето општествено одговорно работење. Во 2015 година, Охридска банка Сосиете Женерал ја освои наградата за општествена одговорност во категоријата Односи на пазарот за проектот „Осигурување на кредитни и дебитни картички“.

 

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно