Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Конференција на тема “Осигурување на побарувања и придобивки за компаниите”

Објавено

на

Во организација на Стопанската комора на Македонија и Сава осигурување, ќе се одржи настан кој е наменет за бизнис секторот и насочен кон развојот на јавната свест за значењето на осигурувањето на побарувања, односно заштитата од ненаплатени побарувања.

Важноста на осигурувањето на побарувања е јасна кога знаеме што сѐ може да предизвика ненавремено наплатеното побарување (неликвидност, проблеми со планираните парични текови, пролонгирање на плановите, финансиски импликации). Истовремено, осигурувањето на побарувања има позитивно влијание и врз продажните резултати бидејќи овозможува излез на нови пазари, како и обезбедување нови купувачи на постојните пазари.

На конференцијата „Осигурување на побарувања и придобивки за компаниите“ се очекува релевантни говорници од финансискиот сектор да ги презентираат актуелните случувања, како и придобивките од квалитетното осигурително покритие, сето тоа поддржано од регионални и европски примери.

Настанот ќе биде корисен за сите компании што во своето работење овозможуваат подолги рокови на плаќање, или сакаат да нудат работење со одложено плаќање, можеби развиваат нов производ или се прошируваат на нов пазар, ако имаат ограничени интерни можности за наплата, врзани се со само неколку големи купувачи или едноставно сакаат да ги подобрат условите за кредитирање.

Конференцијата е закажана за 17 октомври 2019, во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Повеќе детали за истата можете да погледнете тука.

Осигурување

Дружба со Винко во Скопската зоолошка градина – Дојдете и забавувајте се!

Објавено

на

Вашето дете е Вашата најголема среќа, а неговото здравје е Ваша најголема грижа! Заштитата на здравјето на Вашето дете е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите во животот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

„Еуролинк осигурување“ на цврстата втора пазарна позиција во првите шест месеци од 2019 година

Објавено

на

„Еуролинк осигурување“ АД Скопје во првото полугодие од оваа година ја зацврсти втората пазарна позиција со учество од 13,22% на целокупниот пазар за неживотно осигурување во Република Северна Македонија. Бруто-полисираната премија за првите шест месеци изнесува 582.871.550 денари, што претставува пораст од 7% за период во кој целокупниот пазар за неживотно осигурување расте со 5%. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Раст на осигурителниот пазар, добивката на друштвата 113,1 милиони денари

Објавено

на

Осигурителниот пазар во првите шест месеци од годинава бележи раст, а остварената добивка пред оданочување изнесува 113,1 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange