Connect with us

Останато

Конференција на МАСИТ за дигитална транформација во Македонија

Објавено

на

Глобалната дигитализација во целост ги презема сите процеси на секојдневното функционирање, како во Македонија, така насекаде и во светот, со што  предизвикува постојани промени и потреба за прилагодувања со радикална брзина. За начините и моделите на соочување и имплементирање на овие промени, ќе говорат бројни еминентни имиња од ИКТ индустријата од земјава и странство на овогодинешната конференција на МАСИТ со тема: Дигитална трансформација во Македонија, предизвик или реалност?

Конференцијата ќе обедини мултидисциплинарни презентации, панели и успешни приказни  чија цел е изнаоѓање на конструктивни решенија за здрава и ефикасна дигитализација на сите бизнис и општествени процеси во државава, со оптимално следење на глобалните текови. Internet of things, Cloud services, Cyber Security и сродни теми кои се од важност за секоја индустрија ќе бидат темелно дискутирани во правец на подобро позиционирање на македонскта ИКТ индустрија на светскиот пазар и зголемување на можноста за уште поголем извоз на ИКТ услугите. Конференцијата ќе се одржи на 27.09.2018 во Скопје, во хотел Александар Палас.

Паралелно со конференцијата, во рамки на проектот на УСАИД ,,Партнерство за подобра бизнис регулатива,, МАСИТ во улога на партнер на проектот, заедно со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на Стопански комори и ЕПИ Центар Интернационал организира и форум со тема: ,,Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија”.

Во рамки на овој настан преку две панел дискусии, од страна на експерти, претставници од бизнис заедницата и највисоки претставници на релевантните државни институции, ќе се дискутира на темите кои се најзначајни за ИКТ индустријата: “ДАНОЦИ: трендови и нивно влијание врз ИКТ секторот и развојот на економијата во Република Македонија”, и “Како да го зголемиме обемот на ИКТ кадри во Република Македонија”. Форумот ќе заврши со трета сесија во рамки на која ќе бидат презентирани алатките (бизнис портал, листи за усогласеност со бизнис регулатива, Прашај експерт и позициски документи развиени во рамки на проектот на УСАИД ,,Партнерство за подобра бизнис регулатива,, со кои целта е да им се помогне на компаниите да бидат комплетно усогласени со целокупната бизнис легислатива. Форумот ќе се одржи на 24.09.2018 во Битола, хотел Епинал и 26.09.2018 во Скопје во хотел Александар Палас.

Доколку сакате да присуствувате на конференцијата можете да се пријавите тука.

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Значајно подобрена борбата против финансискиот криминал

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Директорот информира дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на Буџетот на РМ во износ од 293 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange