Останато
Конференција „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија“


Стопанската комора на Македонија, во соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Техничкиот универзитет во Виена, организира конференција „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“, во рамки на проектот кој се спроведува со поддршка на Европската Унија.
На конференцијата, како што е најавено, ќе бидат презентирани анализите, препораките и резултатите од реализираните индустриски проекти во домашните претпријатија, како и моделите за успешна соработка на домашните компании со странските инвеститори во државава.
„Искуствата и резултатите ќе претставуваат насоки за понатамошно унапредување на соработката на домашните и странски компании со имплементирање на успешни индустриски проекти во рамки на домашните компании во насока на зголемување на конкурентноста на домашната економија”, стои во соопштението од Стопанската комора на Македонија.
Останато
Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти


Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)
Останато
Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари


И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје