Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Конференција за зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија

Објавено

на

Во организација на Државниот завод за ревизија денеска ќе се одржи конференција за затворање на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија“, финансиран од ЕУ на која ќе се претстават проектните резултати, научените лекции и идните предизвици.

Проектот, како што информираат од ДЗР, е со вкупен буџет од 1.400.000 евра и се спроведувал со поддршка од Националниот завод за ревизија на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска, како помлад партнер.

Целта на проектот беше понатамошно подобрување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на ревизија. Проектот се спроведуваше преку четири компоненти: понатамошно зајакнување на ревизорскиот процес согласно меѓународните ревизорски стандарди, јакнење на ревизорските капацитети, добра соработка со Парламентот, подобрување на системите за ИТ комуникација и за управување со човечки ресурси“, појаснуваат од ДЗР.

Останато

Јубилејни кредити по повод 20 години Штедилница ФУЛМ

Објавено

на

Штедилница ФУЛМ прославува јубилеј – 20 години постоење, по тој повод своите постоечки и нови клиенти ги изненади со нова јубилејна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Отворени денови на ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР

Објавено

на

Централниот регистар започнува со спроведување на акција – Отворени денови со граѓаните, започнувајќи од 16.09.2019 – понеделник. (more…)

Продолжи со читање

Останато

КХВ: Издадено одобрение на ЕУРОСИГ АД Скопје за четврта емисија на акции

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на ден 12.09.2019 година ја одржа 39-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange