Connect with us

Останато

Конференција „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ”

Објавено

на

Конференцијата за вмрежување ќе содржи четири панел дискусии со претставници од различни министерства, институции, организации и компании, а предвидени се и Б2б средби помеѓу жени претприемачи од регионот.

Конференција за вмрежување на тема: „Женското претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ” ќе се одржи денеска во Скопје на која се најавени над 200  претставници од организации, владини институции и жени претприемачи од компании од Македонија и балканските земји.

Конференцијата за вмрежување ќе содржи четири панел дискусии со претставници од различни министерства, институции, организации и компании, а предвидени се и Б2б средби помеѓу жени претприемачи од регионот.

Настанот е организиран од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.

Финалната конференција за вмрежување  е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)”.

Една од првите активности на проектот е формирањето на Националниот совет за женско претприемништво со кој се постигнува градење на  влијателна заедница која се залага за подемот на жените претприемачи, создавајќи средина за жените да инвестираат во жени и поврзување на жените со повеќе можности и практични алатки за остварување на нивните бизнис цели.

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange