Connect with us

Домашни банки

Конкурс за најдобар расказ на тема: Инклузија – сите деца се исти

Објавено

на

По повод октомври – месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје и штедливото слонче Халки објавуваат конкурс за најдобар расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти“.

Право на учество имаат деца од 7 до 12 години, а конкурсот ќе трае до 31 октомври. Расказите испраќајте ги на: halkbank@halkbank.mk со назнака „Конкурс за најдобар расказ”.

За испратените раскази ќе одлучува стручна комисија составена од двајца книжевници и еден претставник од Халкбанк АД Скопје.

Наградата се состои од детска штедна книшка со вредност од 3.000 денари.

Условите за учество можете да ги најдете на следниов линк.

„Слончето Халки не е само симбол на детското штедење, туку и вистински другар на сите деца, гласноговорник за нивните права. Ликот на Халки е резултат и на опшествената одговорност на Халкбанк АД Скопје која се залага и за здрава животна средина, инклузија и квалитетно образование на сите деца, преку активности кои не се наменети само за финансиска едукација. По успешните конкурси за ликовни творби на тема: „Здрава животна средина“ и „Илустрирај ја татковината“ реализирaни годинава, како и по проектот во месец мај кога слончето Халки ги едуцираше децата за тема инклузија, овој пат ќе го наградиме најдобриот расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти“ – информира Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Во месецот на штедењето – октомври, Халкбанк АД Скопје се фокусира токму на децата.
Активностите започнаа со промоција на детското штедење – Халки и промотивните каматни стапки кои се движат до 1,7 отсто за штедење во денари, односно до 1,2 проценти за штедење во евра на рок од 60 месеци, а ќе биде заокружен со промоција на ексклузивната „Сликовница на Халки“.

Средствата од продажбата на сликовницата ќе бидат наменети во хуманитарни цели

Повеќе инфо за детското штедење – Халки на : https://halkbank.mk/detsko-shtedenje.nspx

Домашни банки

(ВИДЕО) Сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Објавено

на

Двајца сопственици на УНИБанка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт „bird.bg” од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Тодоров Минев кои имаат по 36,45% од сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка по 16-ти пат спонзор на „Златно славејче“

Објавено

на

„Златните славејчиња“ годинава повторно ќе застанат на сцена и ќе ги отпеат своите хитови во чест на 50-от роденден на Фестивалот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Прогласени победниците од Social Impact Award 2021

Објавено

на

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021. (more…)

Продолжи со читање



Популарно