Connect with us

НБРМ

Конкурс за доделување годишна награда на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година

Објавено

на

Врз основа на Одлуката за доделување Годишна награда за млади истражувачи бр. 02-15/III-16/2011 од 31.03.2011 година и О. бр. 02-15/VIII -7/2014 од 31 јули 2014 година, а согласно со Правилникот за начинот, постапката и условите за избор на најдобар труд и доделување Годишна награда за млади истражувачи бр. 2927 од 13.04.2011 година,  Пр. бр. 7762 од 20.09.2012 година, Пр. бр. 28175 од 5 септември 2014 година и Пр. бр. 26412 од 30 јули 2015 година, Народната банка на Република Северна Македонија објавува

Конкурс за доделување годишна награда на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година

Заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри, Народната банка на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Народната банка) доделува Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи.

Годишната награда на Народната банка изнесува 100.000,00 денари, нето.

Право за учество на Конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Работниците на Народната банка и членовите на Советот на Народната банка немаат право на учество на Конкурсот.

Трудовите се поднесуваат на македонски или на англиски јазик. Tрудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 80.000 карактери со празните места (без фуснотите, прилозите, графиконите, табелите, апстрактот, библиографијата, анексите) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување, коешто ги содржи следниве основни делови:

– апстракт, како и назначување на областа на истражување според стандардната класификација (Journal of Economic Literature – JEL);
– осврт на консултираната литература од областа којашто се истражува;
– опис на методите на истражување коишто се користат во трудот;
– анализа;
– заклучни согледувања и
– библиографија.

Еден автор има право да поднесе само еден труд.

Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со трудови коишто веќе биле објавени, но не пред 1 јануари 2018 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.

Трудовите се поднесуваат до Народната банка со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“, по електронски пат, во формат „word“, на е-адресата: konkurs@nbrm.mk . Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.

Изборот на најдобар труд го врши Одборот за оценување, којшто се состои од тројца членови, од кои најмалку еден е лице кое не е вработено во Народната банка. Гувернерот на Народната банка ги назначува претседателот и членовите на Одборот за оценување, со решение коешто ќе се објави на интернет-страницата на Народната банка. Одборот за оценување го врши изборот на најдобар труд анонимно, преку вреднување на трудовите влезени во потесна конкуренција според следниве критериуми:

1. Релевантност на истражуваното подрачје за македонскиот случај;

2. Соодветност на освртот на литературата од анализираното подрачје;

3. Јасност во дефинирањето на проблемот и на целите на истражувањето;

4. Соодветност на описот на контекстот и информациите (соодветност на анализата на трендовите во анализираното подрачје во Република Северна Македонија);

5. Соодветност на користениот статистичко-економетриски пристап;

6. Конзистентност и логичност на тезите во трудот;

7. Заклучоци и препораки и нивна соодветност.

Одборот за оценување може да додели награда за второрангираниот труд на Конкурсот во износ од 50.000,00 денари, нето.

Краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2020 година.

Годишната награда на Народната банка ќе се додели на настан организиран по повод Денот на монетарното осамостојување на Република Северна Македонија.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за СБС: Девизните дознаки од иселениците важни за македонската економија

Објавено

на

Девизните дознаки од иселениците и лицата на привремена работа во странство се важни за македонската економија, оценува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуа за австралиското радио СБС и за е-магазинот „Анторис“. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните, но и кај фирмите во вториот квартал

Објавено

на

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата со коронавирусот во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за вториот квартал односно за периодот од април-јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Како изгледаше објектот на Народната банка пред катастрофалниот земјотрес во 1963 година!?

Објавено

на

Објектот во кој работеше централата на Народната банка беше еден од најубавите и најголемите згради во тоа време, лоциран во срцето на градот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно