НБРМ
Конкурс за Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка за 2023 година

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2023 година. На овој начин, Народната банка има за цел да ја поттикне научно-истражувачката мисла и да придонесе во областа на макроекономијата и банкарството, како и да ги поддржи младите истражувачи преку можноста да ја презентираат својата работа.
Право на учество имаат сите државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години, без вработените во Народната банка и членовите на Советот.
Tрудот треба задолжително да содржи осврт кон македонската економија на соодветната тема. Не смее да надминува 80.000 знаци со празните места (без фусноти, прилози, графикони, табели, апстракт, библиографија и анекси). Препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување, коешто ги содржи следниве основни делови:
- апстракт, како и назначување на областа на истражување според стандардната класификација (Journal of Economic Literature – JEL);
- осврт на консултираната литература од областа којашто се истражува;
- опис на методите на истражување коишто се користат во трудот;
- анализа;
- заклучни согледувања и
- библиографија.
Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд што веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2021 година. При поднесувањето на труд што веќе бил објавен, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен истиот.
Трудовите се поднесуваат до Народната банка со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“, по електронски пат, во „word“ формат, на е-адресата: konkurs@nbrm.mk. Покрај трудот, авторот треба да достави и биографија. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер. Еден автор има право да поднесе само еден труд, а трудовите се поднесуваат на македонски, албански или на англиски јазик.
Критериуми според кои ќе се вреднуваат трудовите се:
- релевантноста на истражуваното подрачје за македонскиот случај;
- соодветност на освртот на литературата од анализираното подрачје;
- јасност во дефинирањето на проблемот и на целите на истражувањето;
- соодветност на анализата на трендовите во анализираното подрачје во Република Северна Македонија;
- соодветност на користениот статистичко-економетриски пристап;
- конзистентност и логичност на тезите во трудот;
- заклучоци и препораки и нивна соодветност.
Краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2023 година.
Наградата е во парична форма и за првонаградениот труд изнесува 100.000 денари, додека втората награда изнесува 50 000 денари.
Конкурсот е објавен на веб-страницата на Народната банка.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност

„Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови на задржана стабилност на девизниот курс и на финансискиот сектор”, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата под наслов „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, во рамките на годишната владина конференција, насловена „Година на нови можности“. (more…)
НБРМ
Стандард и Пурс: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Денарот останува стабилен, а во следниот период не се очекуваат притисоци врз девизните резерви. Здравоста на банкарскиот систем е зачувана, при што капитализираноста е соодветна и стабилна, додека нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Ова се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во кој се потврдува кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед. (more…)
НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска за „Дојче веле“: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава

Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ќе биде најважно за домашната инфлација. Исто така, мерките коишто ги презема Народната банка треба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел од инфлацискиот индекс, оној којшто е почувствителен на промените во побарувачката. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје