Connect with us

Домашни банки

КОНЕЧНО ПОШТАТА ОТВОРИ – Од денес сметки можете да плаќате и во пошта, провизијата е 35 денари!

Објавено

на

Од денес (1-ви март 2021 година) започнува функционирањето на платниот промет во „АД Пошта Северна Македонија“ па граѓаните ќе можат повторно тековните сметки за режиски трошоци да ги плаќаат на шалтерите, но и да вршат други плаќања во готово.

„Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк ја исполни својата обрска според која до 1 март требаше да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта. Платниот промет, во првата недела ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта,“ се вели во соопштението од Халкбанк АД Скопје.

Провизиите, според информациите, ќе изнесуваат 35 денари за плаќање на сметки, а висината на провизиите за уплати кон буџетските установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години

Објавено

на

Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

Објавено

на

ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)

Продолжи со читање




Популарно