Connect with us

Домашни банки

КОНЕЧНО: Комерцијална банка АД Скопје отвори “Facebook” профил!

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е последната банка во Македонија која отвори корпоративен Facebook профил за комуникација со своите постоечки и потенцијални клиенти.

Со воведувањето на користење на социјални медиуми од страна на Комерцијална банка АД Скопје, сите 14 комерцијални банки и Народната банка на Република Македонија имаат свој “Facebook” профил.

На 08 декември е поставена првата објава на профилот, а оттогаш банката е отворена за комуникација преку оваа социјална мрежа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Модерното време им налага на банките кога размислуваат за својата иднина, да не ги игнорираат социјалните медиуми. Заклучно со јануари 2018 година, приближно 3.2 билиони луѓе ширум светот се активни на социјалните мрежи, согласно Digital in 2017 Global Overview извештајот од “We Are Social” и “Hootsuite“. Ова претставува зголемување од 42% во текот на изминатите 12 месеци. Согласно податоците вклучени во извештајот, просечниот корисник на социјалните медиуми дневно поминува 2 часа и 19 минути.

Додека некои банки сѐ уште ја држат главата во песок, останатите сфаќаат дека социјалните медиуми фундаментално го менуваат начинот на кој комуницираме. Социјалните медиуми во поново време се примарен канал преку кој потрошувачите комуницираат со инвеститорите и вработените, односно споделуваат информации во денешниот дигитален свет. Доколку банките не се присутни на социјалните медиуми, тие пропуштаат неверојатна можност. Исто како што потрошувачите ги споделуваат мислењата за рестораните и хотелите онлајн, исто така, тие објавуваат искрени мислења за финансиските производи и услуги. Споделените мислења се исклучително јавни и главно водени од личното искуство на корисникот.

 

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: “УНИБанка” издаде перпетуална обврзница по пат на приватна понуда

Објавено

на

На 11.01.2019 година, УНИБанка преку Македонска берза објави дека банката донесе одлука за издавање на капитален инструмент по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје ги извлече добитниците од наградната игра ,,Халквантура”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје на ден 16.01.2019 година во просториите на Деловниот Центар на Халкбанк АД Скопје во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,Халквантура’’. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange