Connect with us

Останато

Конект ги додели наградите за одржлив развој

Објавено

на

Здружението „Конект“ ги додели наградите на предводниците на Целите за одржлив развој (Sustainable Development Goals – SDGs) на компании, поединци и млади бизнис лидери од компании.

Наградите им се врачени на ЕВН Македонија АД Скопје, Македонски Телеком, Грин ИТ ДОО Скопје, Алкалоид АД Скопје, Пакомак ДОО Скопје, како и на Борче Стаменов од Бидат Информатика, Ивица Поцков и Никола Глигоров од Луксико ДООЕЛ Свети Николе и Горјан Јовановски од Моја Фирма ДООЕЛ Скопје.

Признанија за придонес кон остварувањето на Целите за одржлив развој им е доделено на Ван Хоол Македонија ДООЕЛ, Кам Маркети, Макпетрол АД Скопје, Макпрогрес ДОО, Меѓународни училишта „НОВА”, Пивара Скопје АД, СунСмарт Соларни системи Скопје, Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како и на Ана Дангова Хуг од Адвокатско друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, Ѓорѓи Трајковски од Македонски Телеком, Јасна Величков од Арел Невромаркетинг, Марија Георгиевска од Наша ТВ и Момир Поленаковиќ од PricewaterhouseCoopers North Macedonia (PwC).

„Конект“ ги доделува наградите за одржлив развој по втор пат, во партнерство со Мрежата на Глобалниот договор во Македонија. Годишниот план за работа на „Конект“ е поддржан од Цивика Мобилитас. Наградените беа пријавени на отворен повик во текот на мај 2021 година.

Целите за одржлив развој се прифатени од сите земји членки на ОН и потребно е да се исполнат до 2030 год. Тие се акцискиот план на светот за фер глобализација и подобра иднина за сите.

На вчерашното доделување на наградите беа присутни вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со постојаната координааторка на ОН агенциите во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Вицепремиерот Битиќи ја поздрави иницијативата на здружението „Конект” и изрази задоволство што целокупното општество се повеќе ја разбира важноста и ја подигнува свеста за значајноста на постигнувањето на седумнаесетте цели за одржлив развој, дефинирани со Агендата 2030 на ООН.

„Несомнено е дека токму ваквите иницијативи го мотивираат приватниот секторот се повеќе да се ориентираат кон работа која позитивно влијае на општество и допринесува за остварување на овие цели. Искоренување на сиромаштијата и гладот, квалитетното образование, родовата еднаквост, чистата вода и околина и чистата енергија, намалената нееднаквост, достоинственото вработување и економскиот раст, иновацијата и одржливата заедница, борбата за справување со климатските промени, подобриот живот на копно и под вода, одговорната потрошувачка и производство, мирот и правдата како и партнерствата за постигнување на целите, се наше заедничко мото и база, според која мораме да ги ориентираме нашите приоритети, нашиот систем и начинот на којшто го градиме нашето општество”, изјави вицепремиерот.

Тој нагласи дека Владата е посветена на менување на општество кон подобро со залагањето за зелена иднина, кое се гледа преку константното инвестирање во енергетика и обновливи извори на енергија, како еден од главните државни приоритети.

Битиќи се осврна и на Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување, кој во 2021 година е со рекорден буџет од 25 милиони евра и ќе опфати над 10 илјади лица. Вицепремиерот информираше и дека е започната првата фаза на креирање на Националната развојна стратегија 2021-2041 која ќе отслика долгорочен консензус за приоритетите на државата, со цел обезбедување на инклузивен, зелен и одржлив развој за сите, а особено за ранливите категории на луѓе.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Авганистанската економија ќе има пад до 30 проценти, што може да доведе до бегалска криза

Објавено

на

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Објавено

на

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства. (more…)

Продолжи со читање



Популарно