Connect with us

Платежни картички

Компанијата Visa воведе иновации базирани на вештачка интелигенција за попаметни плаќања

Објавено

на

Visa Inc. (NYSE: V) го најави VisaNet +AI, пакет услуги базирани на вештачка интелигенција, која се справува со долгогодишни предизвици со кои се среќаваат банките, трговците и корисниците, а тоа се доцнењето и забуните при управување со состојбата на сметките, како и непредвидливост при дневните порамнувања за финансиските институции. VisaNet +AI опфаќа неколку иновативни концепти и услуги, кои додаваат нова вредност, вклучувајќи ги Visa Smarter Posting и Visa Smarter Settlement Forecast, како и Visa Smarter Stand-In Processing (Smarter STIP), функционалност најавена во август минатата година. Овие иновации користат Visa AI платформа со високи перформанси, со цел плаќањата да ги направат попредвидливи, потранспарентни и побрзи.

„Нашите клиенти, партнери и сопственици на картички бараат од нас корисни увиди базирани на податоци, со цел подобро да управуваат со своите бизниси и финансиски животи, посебно во овој период без преседан. Денес најавуваме сет услуги, кои користат вештачка интелигенција со цел на потрошувачите да им го олеснат управувањето со сметките, а на финансиските институции управувањето со работењето“, изјави Џек Форестел, извршен потпретседател и шеф на производите во компанијата Visa.

„Со нашето инвестирање во AI инфраструктурата отклучуваме сосема нови решенија, во реално време, за сложени проблеми. Ова е само почеток на она кое можеме да го направиме со помош на моќта на предвидување на вештачката интелигенција.“

Поголема транспарентност за потрошувачите со Smarter Posting

Денешните корисници, кои се во дигиталната ера уште од мали нозе, сè повеќе користат банкарство на мобилните и мрежните платформи и очекуваат увид во своите финансии во реално време. Меѓутоа, искуството за плаќање за корисниците може да биде недоследно, бидејќи за некои трансакции е потребно повеќе време за да се финализираат и за да бидат видливи на билансот. Овој застој може да создаде забуна или загриженост кај корисниците на картичките и да доведе до потенцијално пречекорување или зголемување на повиците кон корисничките центри на банките, кои ги издаваат картичките.

До ова доцнење доаѓа затоа што износот, кој е одобрен во реално време на каса, може да се разликува од износот, кој финално се повлекува од сметката на потрошувачот. На пример, финалниот износ може да се промени при прекугранично плаќање, кое вклучува повеќе валути. За да се избегне збунувањето на корисниците да гледаат повеќекратни промени за една иста трансакција, банките често го одложуваат книжењето или ажурирањето на состојбата на сметката, додека не бидат сигурни за финалниот износ.

Со цел да им се помогне на емитентите во овозможување подобро банкарско искуство за корисниците на платежни картички, Visa ја разви Smarter Posting услугата, која користи вештачка интелигенција со постапка на авторизација и доделува единствена оцена на секоја трансакција. Smarter Posting моделот ги анализира деталите на трансакцијата и претходните податоци, со цел да ја
предвиди веројатноста дека износот на трансакцијата ќе остане непроменет преку пресметката. За време на тестирањето, во предвидувањето дали износот на транскацијата најверојатно ќе остане непроменет, моделот постигна прецизност од 98 проценти, давајќи им на финансиските институции дополнителен увид за доследното искуство при плаќањето од почеток до крај, со привремено ажурирање на состојбата на сметката, која корисникот на картичката ја гледа.

Visa Smarter Posting за почеток ќе биде достапна во Европа во април 2021. година, а предвидено е во блиска иднина да се прошири и глобално.

Smarter Settlement Forecast моделот ги предвидува потребите за готовински тек

Секој ден при процесот на порамнување, Visa овозможува движење на милијарди долари во илјадници институции во повеќе од 200 земји и 160 валути. Тоа е финалниот чекор во циклусот на плаќање, каде трансакциите се агрегираат, се олеснуваат трансферите помеѓу емитентите и примателите, а на сметките на трговците се одобруваат реализираните продажби.

Овој процес бара од финансиските институции стратешки да ги алоцираат ресурсите за да постои доволно ликвидност, која ќе да го задоволи обемот на дневното порамнување, без прекумерна распределба на ресурсите, кои би можеле да се искористат на друго место во нивното работење. Денешното променливо окружување ги нагласи предизвиците со кои трезорските тимови се соочуваат во предвидување на дневните обеми и носењето на стратешки одлуки.

Visa ја креираше Smarter Settlement Forecast со цел на клиентите да им овозможи прилагодени седмодневни прогнози на износи од порамнување, кои би им биле потребни секојдневно. Услугата користи информации генерирани преку претходни обеми на порамнувања, сезонски индикатори, макро-трендови, вонредни настани, како на пример оние како COVID-19, како и податоци за трансакциите во реално време, овозможувајќи висококвалитетно предвидување на одливот и приливот на готовината. Овие прогнози можат да им помогнат на емитентите и примателите да ги оптимизираат процесите во управување со трезорот и ликвидноста и да им помогнат на финансиските институции да направат порамнување во повеќе валути со предвидување за секоја валута.

Предвидено е Smarter Settlement Forecast да биде достапна на клиентите, кои се корисници на платформата Visa Analytics, по пат на претплата, кое ја олеснува интеграцијата. Visa моментално ја пилотира услугата со три клиенти, пред нејзиното официјално претставување, планирано за крајот на оваа година.

Smarter STIP може да го подобри искуството при плаќање за време на прекини во струја и во работењето

Visa Smarter Stand-In Processing (Smarter STIP), прва од VisaNet +AI можностите, најавена во август 2020. година, зазеде замав меѓу водечките финансиски институции на глобално ниво. Smarter STIP користи длабинско учење, со цел да им помогне на финансиските институции да ги зголемат овластувањата за трансакции за време на прекини на струја и во работењето. Smarter STIP носи информирана одлука да одобри или одбие трансакција во име на емитентот, со цел на корисниците да им овозможи непречено Visa искуство при плаќање.

Од објавувањето, Smarter STIP бележи голем интерес од страна на емитентите во сите Visa региони. За само два месеци, клиентите ширум светот ја имаат додадено Smarter STIP во својот пакет на Visa решенија, вклучувајќи ги и Caixa Econômica Federal и Doha Bank.

Платежни картички

Mastercard world: За патувања и живот со привилегии

Објавено

на

Доколку сте љубител на патувања, често патувате или тоа допрва ќе го правите, не двоумите се која платежна картичка да ја изберете како ваше средство за плаќање во странство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Заштеди на бензин и струја – Храната доаѓа со бесплатна достава низ цело Скопје

Објавено

на

Периодов би ги искористиле сите можни трикови за да заштедиме на бензин и струја, па ако тоа значи дека не мора да готвиме и да се возиме низ град во потрага по храна – прашањето би било: „Како одма да го изведам тоа?“ (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?

Објавено

на

Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)

Продолжи со читање


Популарно