Connect with us

Странски банки

Компанијата што печати пари за 140 држави пред банкрот!?

Објавено

на

Англиската компанија “De La Rue”, соопшти дека е на работ на колапс, а се работи за компанија која печати пари за вкупно 140 држави.

Раководството на компанијата објави дека е активиран план за деловна санација, но истиот не ги дава очекуваните резултати, пренесува N1.

Во соопштението се вели дека на компанијата и се заканува банкрот. “De La Rue” е компанија која вработува 2.500 луѓе, печати пари за 140 централни банки низ целиот свет, вклучувајќи ја и британската централна банка.

Во претходните шест месеци, компанијата забележа загуба од 9,2 милиони фунти (11,84 милиони американски долари), при што компанијата го зголеми својот долг на 170,7 милиони фунти (220 милиони долари) во втората половина од оваа година.

Веднаш по објавата на соопштението, акциите на “De La Rue” дополнително изгубиле 20,6 проценти од својата вредност на берзата.

“De La Rue” започна да печати банкноти уште во далечната 1860 година кога работеше за Мавританија, а една третина од парите што моментно се во оптек низ целиот свет излегоа од печатницата на оваа компанија, која е пред банкрот.

Компанијата покрај банкноти, печати и пасоши за 40 држави.

Во забревтаниот англиски гигант се надеваа дека ќе можат да постигнат стабилизирање на бизнисот со печатење нови британски пасоши откако земјата објави дека ја напушта Европската унија, но тендерот го доби конкурентската куќа “Gemalto”.

Кризата во компанијата ескалираше откако долгот од 18 милиони фунти (23,17 милиони американски долари) не го плати Венецуела.

Странски банки

ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната

Објавено

на

Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?

Објавено

на

Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши

Објавено

на

Светската банка во својот извештај „Глобални економски перспективи” отворено предупредува дека остриот економски пад ќе биде норма за многу земји, бидејќи проекциите за глобалниот економски раст се намалени. (more…)

Продолжи со читање


Популарно