Connect with us

Компании

Компании предупредуваат: лажни наградни игри на Facebook

Објавено

на

Беа КАМ и Тинекс сега и Макпетрол. На социјалните мрежи се промовираат лажни наградни игри, а граѓаните треба да споделуваат објави за да добијат вредни ваучери. Последна од низата е промоцијата за наградна игра на Макпетрол. Компанијата вчера вечерта објави дека тоа не е нивна официјална фејсбук страна и дека креаторот го злоупотребил името и логото на брендот.

„Наградната игра објавена на оваа фејсбук страна не е во организација на Макпетрол АД и претставува ширење на лажни информации, односно доведување на потрошувачите во заблуда.Фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со Макпетрол АД, велат од Макпетрол.

На почетокот на месецов граѓаните масовно споделуваа објави на КАМ маркети и на Тинекс, па после овие компании демантираа дека тие се организатори на игрите.

Домашниtе банки во неколку наврати ги предупредија граѓаните дека не терба да наседнуваат на секое барање за давање на бројот на картичката на наградни игри.

Компании

„Алибаба“ го заобиколува Балканот, отвора логистички центар во Белгија

Објавено

на

Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ ќе отвори логистички центар во Белгија, со што е очевидна намерата да го заобиколи Балканот. Центарот ќе се наоѓа во белгискиот град Лиеж, на тромеѓето на границата со Германија и Луксембург, а во близина е и Брисел. Тоа е петти лигистички центар на таа компанија во светот. Во Европа веќе има во Франкфурт. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Џеф Безос: Амазон ќе пропадне и ќе банкротира

Објавено

на

Амазон еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, изјави нејзиниот основач Џеф Безос, одговарајќи на прашање за иднината на компанијата на неодамна одржаниот состанок со работниците. (more…)

Продолжи со читање

Компании

„Икеа“ се вклучува во борбата против загадувањето на воздухот

Објавено

на

Шведскиот ланец на продавници за мебел, „Икеа“, ќе почне со производство на продукти од земјоделски отпад во обид да им помогне на жителите на најзагадените градови во светот полесно да дишат. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange