Connect with us

Домашни банки

Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка

Објавено

на

Вкупно 20 „зелени“ проекти на 17 компании во земјава се во фаза на реализација, со што компаниите ќе придонесат за модернизација на своите производни капацитети, превозни флоти и продажни локации. Почетокот и реализацијата на овие развојни проекти се должи на кредитната линија за поддршка на малите и средните претпријатија за инвестиции во одржливи, зелени технологии обезбедена од ЕБОР преку Стопанска банка АД – Скопје.

Минатата година, ЕБОР и Стопанска банка АД-Скопје потпишаа договор за воведување на оваа кредитна линија во висина од 4 милиони евра, која е дел од Програмата за одржливо рестартирање на мали и средни претпријатија (Sustainable Reboot SME Programme). Согласно критериумите, за реализација на проектите, клиентите на Банката користат грант-поддршка во вредност до 15 проценти од износот на кредитот, обезбедена од Луксембург, Норвешка, Ирска, Италија, Јапонија, Кореја, Шведска, Швајцарија, Кинески Тајпеј и Соединетите Американски Држави. Според намената, 50% од сите проекти се насочени кон искористување на сончевата енергија како извор на електрична енергија за потребите на компаниите. Оваа распределба одговара на актуелните трендови за создавање на одржлива иднина и намалени трошоци од работењето. Останатите проекти се фокусираат на подобра превозна флота и модернизација на производните и продажните погони на компаниите.

“Како Банка со најдолга традиција на пазарот, Стопанска банка АД – Скопје воедно e и системски значајна банка и еден од столбовите на економијата. Затоа, веруваме дека со вакви проекти отвораме нови хоризонти и ја продлабочуваме соработката со клиентите и со заедницата. Им благодариме на ЕБОР и спонзорите на проектот и се надеваме на многу идни успешни соработки” – велат од Стопанска банка.

Оттаму истакнуваат дека Стопанска банка продолжува на своите клиенти да им нуди финансиски анализи, совети и решенија во согласност со нивните потреби и можности за унапредување на финансиските резултати и остварувања. Истовремено, заедно со ЕБОР, Банката работи на унапредување на влијанието на бизнисите на клиентите врз животната околина, создавајќи придобивки за сите.

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Популарно