Connect with us

Криптовалути

Компаниите „Visa “, „MasterCard “, и „eBay “ му вртат грб на „Facebook“

Објавено

на

Планот на Facebook дека следната година ќе воведе своја криптовалута „Libra“ наишол на сериозна препрека откако „Visa “, „MasterCard “, и „eBay“се повлекле од проектот.

Во своите соопштенија, компаниите изјавиле дека и понатаму се заинтересирани за криптовалутите како сигурен начин на дигитално плаќање, но во моментов се заинтересирани да ги фокусираат своите ресурси на други проекти.

„Facebook“ одби да го коментира овој потег, додека од „Libra association“ соопштија дека се фокусирани на „продолжување на градењето силна соработка“ со партнерите кои би ја прифатиле новата криптовалута. Потегот на овие четири големи компании доаѓа само една недела откако PayPal објави дека се повлекува од своето партнерство со „Libra association“, која е одговорна за управување со новата глобална криптовалута на „Facebook“.

Единствени платежни компании кои сеуште се држат до „Facebook“ се “Mercadopago” и “PayU”.

„Facebook“ минатото лето ги објави плановите за лансирање на „Libra“ до јуни 2020 година. Проектот, меѓутоа наидува на големи законски препреки. Француските и германските финансиски власти соопштиле минатиот месец дека ќе се обидат да ја блокираат употребата на „Libra“ во Европа, со објаснување дека валутата преставува закана за суверенитетот на членките на ЕУ.

Криптовалути

Централната банка на Литванија прва ќе издаде дигитални пари

Објавено

на

Централната банка на Литванија се подготвува да издаде дигитални пари и ќе биде првата централна банка во еврозоната што ќе го стори тоа, објави „Reuters“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Во Хрватска се формира инвестициски фонд за инвестирање во биткоини

Објавено

на

Во четвртокот, Управниот одбор на Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги (Ханфа) му одобри на друштвото за управување со алтернативни инвестициски фондови „Grifon Asset Management” од Осиек да формира нов отворен алтернативен инвестициски фонд со приватна понуда „Passive Digital Asset”. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот може да достигне вредност од 30.000 долари до крајот на годинава!?

Објавено

на

Биткоинот во петокот достигна вредност од 7.550 американски долари, што е за 5 проценти повеќе од крајот на претходната недела. (more…)

Продолжи со читање

Популарно