Connect with us

Останато

Компаниите ќе бидат наградени ако се фер со потрошувачите

Објавено

на

До крајот на годинава 46 домашни компании ќе добијат сертификат „фер со потрошувачот“ како вид гаранција дека постапуваат чесно со купувачите или корисниците на нивните услуги, дека нудат производи соодветни на цената, ги решаваат поплаките или евентуалните забелешки спогодбено, со договор, и секогаш се подготвени да излезат во пресрет.

Сертификатот (посебно лого со ознака „фер со потрошувачот“) ќе биде поставен на нивните продажни места, на пакувањата, производите, веб страниците или промотивните материјали.

Како што денеска беше речено на прес-конференција, станува збор за 46 фирми од различни сектори: туристички агенции, градежни компании, приватни градинки, малопродажба, услужна дејност, производители на стоки за широка потрошувачка,… Сите овие влегуваат во т.н. прва фаза и нивното сертифицирање ќе биде бесплатно, покриено со средства од Европската унија.

– Интересот за сертификација беше неочекувано голем. Дури се пријавија и адвокатски канцеларии, осигурителни и финансиски друштва за чие сертифицирање се потребни дополнителни критериуми. Затоа нив и ќе ги изоставиме во првата фаза, истакна Александар Николов од Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“.

Тој објасни дека за некоја компанија да добие сертификат, неопходно е да исполни најмалку 50% од предвидените 25 услови дефинирани во шест области меѓу кои: безбедност на потрошувачот, фер пазарни практики, односи со корисници и заштита на лични податоци.

Моментално се изготвуваат верификациските извештаи за фирмите, а формирана е и Комисија кај која тие би можеле да се обратат ако не се задоволни од она што е за нив напишано во извешајот.

– Сега барањето е комапниите да исполнат најмалку 50% од критериумите, но целта е да достигнат 100%, потенцира Николов.

Сертифицирањето е под-проект насловен „Среќни потрошувачи, задоволни произведувачи“ на Здружението на новинари за човекови права и е дел од проектот за безбедност на играчките. Се спроведува со преку ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2015 и проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансискЕи средства“.

Останато

На повикот “СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка се пријавиле 186 компании

Објавено

на

Во Фондот за иновации и технолошки развој беа презентирани првичните резултати по завршената административна проверка на пристигнати апликации на јавниот повик за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф – СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange