Connect with us

НБРМ

Комитетот за финансиска стабилност заклучи: “Ризиците во банкарскиот систем се минимални”

Објавено

на

Денес се одржа петтата седница на Комитетот за финансиската стабилност, на кој присуствуваа министерот за финансии и гувернерот на Народната банка, како и високи претставници од двете институции. Комитетот се одржа во услови на нормално функционирање на финансискиот систем без било какви потреси, при што во рамките на неговите надлежности за состанување во вакви услови определени со Меморандумот за соработка за одржување на финансиска стабилност и управување со финансиска криза во Република Македонија, на денешната седница се разменија информации за тековните движења во банкарскиот систем на Република Македонија.

На состанокот се заклучи дека ризиците во банкарскиот систем се минимални. Краткотрајната нестабилност која беше предизвикана од домашните политички превирања во април и мај 2016 година е целосно надмината. Банките со својата висока капитализираност и ликвидност се стабилни и отпорни на шокови. На седницата се изнесоа и основните принципи на европската директива за закрепнување и решавање на банка со проблеми пришто се разгледаа условите за нејзина примена во РМ, како и можностите за назначување орган надлежен за решавање на овие банки. Исто така, беше разгледан растот на кредитирањето од страна на финансиските друштва.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот

Објавено

на

Во изминативе години се забележува побрз раст на секторот финтек во Централна и Југоисточна Европа, иако тој значително заостанува зад оној во развиените економии. Финансиските иновации поттикнати од финтек-компаниите во основа водат до подобри и поконкурентни финансиски услуги, а истовремено поттикнуваат поголема конкуренција и иновирање кај традиционалните финансиски институции – банките“ – истакна гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот, којашто се одржа вчера во Савудрија, Хрватска. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка на ниво од 2,25%

Објавено

на

Централна Банка

На 12 март 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange