Connect with us

Останато

Комисијата за хартии од вредност изрече опомена и забрана

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 5-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Тарифник за изменување на Тарифникот за утврдување на надоместоците што ги наплатува Комисијата за хартии од вредност.

Со изменетите тарифни ставки се врши промена на постојниот модел на утврдување и наплата на надоместокот на Комисијата за надзор над берзите и депозитарите  како процент од вкупната пазарна капитализација на сите сегменти на пазарот на последниот ден на тргување во претходната година, односно кај депозитарите процент од вкупната номинална вредност на сите запишани долгорочни хартии од вредност во депозитарот на  последниот ден на тргување во претходната година и се воведува НОВ модел на наплата од одреден процентуален износ од приходите на берзите и депозитарите остварени од редовното работење.

Со новиот концепт, висината на надоместоците што ќе се плаќаат на Комисијата ќе зависат од успешноста на работењето на двете институции. Измените на Тарифникот се резултат на анализи на вкупните движења на пазарот на хартии од вредност  и претставуваат  една од мерките што новиот состав на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги презема за развој на пaзарот на капитал. Со ова,  КХВ го релаксира пазарот на хартии од вредност и им овозможува на берзата и на депозитарот да ги остварат своите развојни проекти кои бараат мобилизирање на поголеми извори на средства, со цел да се унапреди македонскиот пазар на капитал. Новиот модел на наплата ќе стартува на 1 јануари наредната година.

На седницата што се одржа на 16 јули, 2018 година, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе Решение со кое  на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на “Комерцијална банка ” АД Скопје и на нејзиниот директор  им изрече јавна опомена, а на овластениот брокер привремена забрана да врши работи за кои има добиено дозвола во траење од 15 работни денови. Ваквите мерки, КХВ ги донесе бидејќи при редовна контрола на целокупното работење  на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на “Комерцијална банка АД Скопје за 2017 година беа утврдени наоди за неправилности, незаконитости и за  непочитување на одредбите од Правилата за тргување на Берза, Правилата за работа на Централниот депозитар за хартии од вредност и од Законот за хартии од вредност. КХВ со Решение ја задолжи Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на “Комерцијална банка” АД Скопје во рок од 30 дена да ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости и за тоа да ја извести Комисијата.

Исто така,  КХВ даде согласност на измените и дополнувањата на Правилата за тргување на “Македонската берза” АД Скопје и издаде една дозвола за работење на брокер.

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Значајно подобрена борбата против финансискиот криминал

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Директорот информира дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на Буџетот на РМ во износ од 293 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange